Факти кои треба да ги знаете за мускулите

Кога помислуваме на мускули, прво на што ни текнува се „стомачните“, бицепсот и трицепсот. Но, нашите тела имаат стотици мускули, чија тежина е во просек 30% од вкупната телесна тежина кај жените. Еве неколку факти кои мора да ги знаете за мускулите, особено доколку се занимавате со некоја физичка активност:

1) Колку повеќе мускули, толку позабрзан метаболизам

Суровата реалност на губењето на тежина е што кога тоа се случува, метаболизмот се забавува. Масните клетки создаваат лептин, хемикалија која на мозокот му сигнализира дека сте сити, а кога нивоата на лептин се намалуваат (што се случува кога сте на диета), телото го забавува метаболизмот за да сочува енергија. Ова може да се поправи со „пумпање железо“, односно редовни тежински тренинзи. Студија од 2015-та открила дека луѓето кои во период од 9 месеци правеле вежби кои вклучувале отпор имале околу 5% зголемување на метаболичката стапка при одмор.

За да се спречи, пак, губењето на мускулите при губењето на телесната тежина, препорачаниот внес на 0.8 грама протеин по килограм треба да се дуплира.

2) Јадете што повеќе зелена храна

За градење на мускулите сите знаат дека е важно да се јаде храна богата со витамини, но една шведска студија покажала дека нитратот, природна состојка која ја има во овошјето и зеленчукот, помага телото да користи помалку кислород за време на вежбањето, што ги прави мускулите поефикасни. Уште една студија од Универзитетот Туфт, во која биле следени навиките на луѓе на возраст од 65години и нагоре во текот на 3 години, покажала дека оние кои внесувале повеќе натриум (преку храна како спанаќ, брокула, кељ, диња и банани) одржале повеќе мускули отколку оние кои внесувале половина од количината на овој минерал.

3) Внимавајте да не претерувате со тренинзите

Добро е да се форсирате во теретана за да постигнувате сè подобри резултати, но постои ризик од пресилно форсирање – рабдомиолиза (скратено: рабдо), состојба која настанува како резултат од преголем напор и која предизвикува распаѓање на мускулните клетки и испуштање на протеини во крвотокот. Доколку не се забележи рано, може да доведе до оштетувања на бубрезите, па и смрт.

Затоа, секогаш внимавајте и слушајте си го телото, бидете постојано хидрирани, а доколку забележите интензивна болка во мускулите или слабост која трае подолг период, а урината има боја на Кока-Кола, веднаш упатете се на доктор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби