Придобивки од читање книга само неколку минути на ден

Читањето е како темна чоколада: вкусот и чувството се одлични, а не чувствувате вина кога ја консумирате. Тешко е да пронајдете нешто лошо во читањето.

Едноставно не постои такво нешто. Иако нас не ни се чита постојано, особено на училиште или за време на студентските денови, сепак кога сакаме – го читаме она што нѐ интересира.



Колку е добро читањето за нашиот мозок?

Читањето го буди мозокот

Ако го прочитате „Кодот на Да Винчи“ ќе се чувствувате како Роберт Лангдон кој трча низ улиците на Рим или пак ако читате некој роман ќе се чувствувате како да сте дел од таа приказна. Со читањето ги стимулираме невролошките делови на мозокот и поради тоа имаме чувство дека токму ние ги доживуваме тие искуства. Истражувањата во Шпанија покажале дека читањето на зборот „цимет“ го активира делот на мозокот заслужен за мирис.

Фикцијата ги гради нашите разбирања за другите

- Ако читате за генетика, ќе научите многу за гените. Ако читате за фикција, ќе научите многу за луѓето, но и за себе, објаснува Кеит Отли, професор по когнитивна психологија на универзитетот во Торонто.

Тоа е така затоа што читањето на секој му овозможува целосно да ужива во чувствата и мислите за другите луѓе, а тоа автоматски ја зајакнува нашата емпатија и социјални вештини. Професорот истакнува дека најдобри книги за развивање на социјална компетенција се љубовните и криминалистички романи, бидејќи сепак емоциите во тие книги се најсилни.

Книгите нѐ прават посреќни

Бројните истражувања покажуваат дека животното искуство е повредно од материјалните ствари. Но, дали тоа е навистина така? Последното истражување објавено во Journal of Consumer Psychology покажало дека она што нѐ прави посреќни се производите кои го создаваат и зајакнуваат животното искуство, односно книгите, спортската опрема, видео игрите и музичките инструменти. Исто така, студиите покажуваат и како постарите луѓе кои сѐ уште читаат и учат, се позадоволни со својот живот.



Читањето го намалува стресот

Да се изгубите во некоја книга е чувство кое многу опушта. Бројните истражувања покажале дека читањето, слушањето музика, прошетката и пиењето чај се најдобри работи за намалување на стрес. Стресот може да ви ја намали енергијата, либидото и да ве направи поранливи и склони на болести. Па затоа, дури и само 10 минути читање се доволни за да ви се забави срцебиењето и да се намали тензијата во мускулите.

Читањето ја развива сивата маса на мозокот

Добрата книга ја зајакнува меморијата и ја спречува деменцијата. Универзитетот Раш спровел истражување кое покажало дека одржувањето на менталните активности во текот на целиот живот, како што е читањето, може да го намали падот на когнитивните способности за 32%. Исто така, добро е познато дека преку работата на сивите клетки се намалува и шансата за заболување од Алцхајмерова болест.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби