ОДЛИЧНИ ПРИДОБИВКИ

Што сè му се случува на телото кога јадете јајца?

Јајцата се можеби најлесниот, најевтиниот, и најразновидниот начин со кој што може да го зголемите внесот на протеини во организмот.

Секое јајце има во просек 85 калории и содржи 7 грама протеин, како и амино киселини, антиоксиданси и железо. Жолчката, пак, содржи колин, хранлива состојка која се бори против маснотиите во телото.

Еве какви сè ефекти има јадењето јајца врз организмот:

1) Го подобрува имунолошкиот систем

Едно големо јајце содржи скоро една четвртина (22%) од потребната дневна количина на селен, хранлива состојка која ги регулира тироидните хормони и го подобрува имунолошкиот систем. Јајцата се исклучително корисни за децата, кои доколку не внесуваат доволно селен може да развијат состојби кои влијаат на срцето, коските и зглобовите.

2) Го подобрува профилот на холестеролот

Постојат добар (HDL) и лош (LDL) вид на холестерол, а јајцата содржат многу од добриот. Едно јајце има околу 212мг холестерол кој не го накачува нивото на „лошиот“ холестерол во крвта.

3) Го редуцира ризикот од срцеви заболувања

LDL честичките ги транспортираат молекулите маснотии во ѕидовите на артериите, со што се создава ризик од нивно оштетување и од срцеви заболувања. Но овие честички се со различна големина, и многу студии покажале дека оние кои имаат помали LDL честички кои се повеќе на број и се погусто распоредени, имаат поголем ризик од срцеви заболувања. Дури и доколку јајцата го зголемат нивото на LDL холестеролот кај некои луѓе, докажано е дека тие се менуваат од помали во поголеми, што го намалува ризикот од заболувања.

4) Ја подобрува состојбата на кожата и косата

Б-комплекс витамините се неопходни за здрава кожа, коса, очи, и црн дроб, а јајцата покрај витаминот Б2 се полни и со Б5 и Б12. Сите овие витамини исто така обезбедуваат правилна функција на нервниот систем.

5) Го подобрува здравјето на забите и коските

Јајцата се едни од ретките природни извори на витаминот Д, кој е важен за здравјето и цврстината на коските и забите, бидејќи помага при апсорпцијата на калциумот.

6) Помага при слабеењето

Jaјцата се одлични за слабеење, бидејќи заситуваат. За потребите на една студија која траела 8 недели, луѓето кои биле дел од неа за појадок јаделе или јајца или ѓевреци, кои содржеле ист број на калории. Групата која јадела јајца изгубила 65% повеќе тежина, 16% повеќе маснотии, 61% намалување на BMI-то, како и 34% поголемо намалување на обемот на половината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби