Причини за користење на сауната после вежбање

Многумина сауната ја сметаат како уживање, а не како дел од нормалната рутина при вежбањето. Напротив, многу студии покажуваат дека сауната има бројни здравствени придобивки, па не би било лошо што повеќе да ја користите доколку вашата теретана ја има.

1) Чистење на кожата

Сауната го стимулира производството на колаген кој ја подобрува кожата со тоа што ги елиминира тенките линии и брчки. Потењето, пак, ги исфрла бактериите од кожата и помага за чистење на порите и отфрлање на нејзините мртви клетки. Кога циркулацијата на крв се зголемува, кожата омекнува.

2) Зајакнување на срцето

Кога температурата на телото се зголемува, телото почнува да ги реплицира резултатите од пасивните кардио вежби. Тоа значи дека додека се релаксирате, инфрацрвената терапија од сауната го подобрува крвотокот, предизвикувајќи го срцето побрзо да ја пумпа крвта и да се намали крвниот притисок. Со посета на сауна 2-3 пати неделно, се „тренираат“ мускулите околу срцето кои го подобруваат притисокот. Ова не само што ќе ви овозможи подобро да тренирате, туку и ќе ви го подобри здравјето на срцето.

Покрај ова, сауната помага мускулите побрзо да се опорават, со што се редуцира нивното воспалување, намалува болката, и телото се лекува на целуларно ниво.

3) Препотување

Потењето исфрла повеќе токсини од урината, бидејќи нашата кожа е најдобриот елиминаторен орган во нашето тело. Обемното потење во сауната помага за ослободување од тешките метали и токсини кои секојдневно ги апсорбираме.

Инфрацрвените сауни, пак, се поефективни од традиционалните влажни или суви сауни, бидејќи тие го имитираат природниот одговор на телото кога е болно, предизвикувајќи еден вид на грозница.

4) Уништување на болести

Не само што сауната помага при намалување на шансите од заболување, туку кога телото е изложено на големите температури, телото почнува побрзо да создава бели крвни клетки кои помагаат во борбата против болестите и убиваат вируси со тоа што создаваат антитела.

Редовното користење на сауна помага во отпорноста против настинки, грипови, проблеми со синуси и др.

5) Одмор и релаксација

Во сауната, телото преминува во  релаксирачка состојба која му овозможува да се релаксира.

Создавањето време да се искористат предностите на сауната ќе направи значителна разлика во вашите тренинзи и генерално на здравјето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби