Домашни растенија кои го подобруваат здравјето

За подобрување на здравјето не треба само да ги јадеме растенијата, туку и да ги чуваме дома.

Според хортикултуристот,Марк Хачадуријан, растенијата ја подобруваат физичката, но и менталната состојба. Научно е докажано дека разни растенија во канцелариите или домовите помагаат при редуцирање на стресот, покрај тоа што го прочистуваат воздухот и му додаваат кислород.

Еве некои популарни домашни растенија кои се добри за луѓето и како да се грижите за нив:

1) Ѓаволов бршлен (Golden pothos)

Оваа билка, според NASA, отстранува хемикалии како бензен и трихлорометил од воздухот – бензенот го има во лепилото, боите и детерџентите.

Растението е исклучително тешко да се убие, што го прави идеално за хортикултурните почетници, бидејќи преживува и со нерегуларно наводнување и во простории каде има малку светлина.

2) Мирни лилјани ( Peace lilies)

Растението го отстранува бензенот, формалдехидот и останати хемикалии од средствата за чистење, и е една од ретките билки кои можат да цветаат во затворен простор. Потребно е да се постави на индиректна светлина блиску до прозорецот и да се наводнува само кога земјата и е сува.

3) Градинарски хризантеми (Garden mums)

Покрај тоа што не се скапи, го отстрануваат амонијакот, бензенот, формалдехидот и ксиленот од воздухот. За да растат потребна им е силна филтрирана светлина.

4) Англиски бршлен (English ivy)

Англискиот бршлен го филтрира формалдехидот и е најдоброто домашно растение за филтрирање на воздух, особено корисно за луѓе кои се чувствителни на смог.

Најдобро се развива на индиректна светлина и не смее да се остави да се исуши.

5) Папрати (ferns)

Папратите ја зголемуваат влажноста на воздухот, а најдобро растат на индиректна светлина и со постојано влажна земја.

6) Филандендрон (Philodendron)

Ова е декоративна билка која трае долго време, а го апсорбира ксиленот кој го има во разредувачите на боја и бензинот. За да расте, на филадендронот му е потребна сончева светлина и умерена количина на вода.

7) Пајаково растение (Spider plant)

Еден вид на ова ратение наречено Хлоропитум комосум е способно да апсорбира 90% од формалдехидот и јаглерод моноксидот, две хемикалии кои ги има во димот од цигарите. Најдобро расте на индиректна светлина и треба да се наводнува само еднаш неделно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби