Совети за почетниците во вежбањето

За некој кој никогаш не дигал тегови, теретаната може да делува како страшно место, бидејќи со првото влегување нема да знаете која машина за што служи, како се користат теговите, а ќе имате чувство дека сите гледаат во вас (што не е точно) и ве осудуваат (исто така неточно).

Еве некои совети доколку спаѓате  во оваа група вежбачи:

Започнете полека, без форсирање

Прво започнете со кревање полесни тегови да се запознаете со основните движења , бидејќи формата со која вежбате е многу поважна отколку само „пумпање“ на тежината. На пример, доколку никогаш порано не сте користеле кафез за чучнување (squat rack), претходно пробајте чучнувања со тегови пред да ги правите со голема шипка.  Имајте на ум дека никој од оние модели кои ги следите на социјалните мрежи и кон чиј изглед се стремите не изгледале како сега кога започнувале, и не ги кревале истите тежини.

Вежбајте со план или следете некоја програма

Доколку одите во теретана без план, ќе завршите со работење на „случајни“ вежби (на која машина да е слободна во моментот, на пример), што по одреден преиод нема да ги даде посакуваните резултати. Затоа, потребно е да вежбате според некој претходно утврден план за да константно имате прогрес.
На интернет можат да се најдат многу програми направени од фитнес професионалци, адекватни за секаков вид на вежбачи (од почетници до многу искусни), а попрофесионалните теретани обично нудат и изработка на вакви програми.

Снимајте се кога вежбате

Ако вежбате сами, пожелно е понекогаш да се снимате за да потоа „од страна“ убаво погледнете дали формата при вежбање ви е правилна, и доколку не ви е, ќе знаете што точно треба да исправите.

Вежбајте со тренер (на почетокот)

Доколку сте финансиски во можност, најмете персонален тренер, ако ништо друго барем на почетокот за да во неколку сесии ви покаже како точно се изработуваат вежбите – особено оние покомплексните како мртвото дигање (deadlift) или чучнувањата (squats)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби