Дури и лесни физички вежби го продолжуваат животот

Нова студија покажала дека дури и лесна физичка активност е доволна да се продолжи животот кај постарите мажи.

Препорачаната физичка активност за возрасните предвидува најмалку 2 и пол часа вежбање секоја недела со среден интензитет. Меѓутоа, на многумина, особено постарите, тоа им е претешко за остварување.

Сега, нов извештај објавен во британскиот журнал за спортска медицина сугерира дека овие насоки можат да се модифицираат за да бидат повеќе изводливи за старите луѓе.

Во него, биле анализирани резултатите од околу 1180 мажи на просечна возраст од 78 години кои се согласиле да носат уреди кои ги мереле нивните движења во период од една недела и кои биле следени околу 5 години.

Мажите во студијата дури и не требало да вежбаат подолги периоди за да искусат позитивни резултати – спорадично вежбање во тек на денот (дури и доколку траело помалку од 10 минути) имало слични бенефиции за животниот век како и вежбањето повеќе од 10 минути одеднаш. Оваа метода се вклопувала најмногу во животот на овие мажи, бидејќи 66% од нив можеле да ги постигнат неделните препораки за вежбање.

Секоја 30-минутна физичка активност со лесен интензитет која се изведувала еднаш дневно – како одење на прошетка или средување на градината, била поврзана со 17% намален ризик за порана смрт. Оние, пак, кои имале средна до интензивна активност имале дури 33% намален ризик од смрт за секои 30 минути вежбање.

Доколку и други истражувања можат да ги потврдат овие откритија, тоа би сугерирало дека само неколку минути вежбање дневно (дури и ако е со слаб интензитет) би можело да го намали ризикот од рана смрт кај мажите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби