Знаци на дехидрација кога не сте жедни

Пиењето течности е од клучно значење за одржување на целото тело, бидејќи меѓу другото тие ги пренесуваат хранливите состојки до клетките, ги исфрлаат бактериите од мочниот меур, помагаат за дигестивното здравје и ја намалуваат болката во мускулите.

Toчната количина на вода која треба да се пие секојдневно може да варира во зависност од климата, нивото на активноста, па дури и употребата на лековите бидејќи некои предизвикуваат уринирање, зголемувајќи го ризикот од дехидрација.

Еве неколку знаци кои покажуваат дека сте дехидрирани, дури и кога не сте жедни:

1) Желба за слатка храна

Дехидрацијата ги активира центрите за глад и жед во мозокот, па понекогаш кога чувствуваме глад всушност значи дека сме жедни.

Доколку таа потреба за хидрација доаѓа по физичка активност, тоа значи дека сме ги потрошиле резервите гликоген, карбохидрадите складирани во мускулите, што резултира со желба за слатка храна. Дехидрацијата исто така ги попречува нивоата на серотонин, хормонот на „добро чувство“ кој исто така ја активира желбата за слатко.

2) Лош здив

Кога не пиеме доволно вода и останати течности, на плунковите жлезди им е тешко да се ефикасни, што го доведува оралното здравје во ризик бидејќи колку е посува устата, толку е полесно на бактериите да се развиваат во неа.

Со правилна хидрација, овие жлезди создаваат ензими и минерали кои ги уништуваат штетните бактерии.

3) Умор, лошо расположение и слаба концентрација

Истражувачи откриле дека дури и средните нивоа на дехидрација можат да влијаат на расположението, нивото на енергија и менталната функција. Оние кои биле дури и малку дехидрирани имале потешкотии во исполнувањето на разни задачи кои им биле зададени, како и намалена концентрација.

4) Болки во зглобовите

Во зглобовите има желатинска течност која помага за нивно подмачкување, но и ублажување на ударите, а за да овие процеси правилно функционираат тие мора да се доволно хидрирани. Доколку внесувате премногу течности кои всушност се диуретици (кафе, темни чаеви, газирани пијалоци или алкохол), тие ги отстрануваат течностите од организмот што им наштетува на зглобовите.

5) Темна урина

Од сите потенцијални знаци на дехидрација, овој е најлесен да се забележи. Доколку сте правилно дехидрирани, урината треба да биде светло жолта накај проѕирна. Кога таа има потемна жолта накај кафена боја, тоа е знак дека не внесувате доволно течности во организмот за правилно да ги исфрлите токсините од системот.

Иако водата е најдобра за хидрирање, исто така во исхраната внесувајте повеќе храна со електролити и комплексни јаглехидрати кои на телото ќе му помогнат подобро да ја апсорбира водата која пиете – како целер, разни супи, овошје, зеленчук и јогурт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби