Најдобри суплементи за луѓе над 40 годишна возраст

Како што старееме, така телото не функционира ефикасно како порано, па покрај хранливите состојки кои ги внесуваме преку храната, пожелно е да се земаат и одредени суплементи кои би ги пополните одредените нутриционистички „празнини“. Секако, пред било каква суплементација пожелна е консултација со лекар за да одреди дали таа одговара на вашите потреби.

Еве кои се најдобри суплементи кои треба да се земат в предвид за оние кои имаат над 40 години:

1) Б-комплекс

Внесувањето доволни количини на Б витамини е важно за организмот да може ефикасно да се бори против слободните радикали, да се подобрува добриот холестерол и енергијата.

2) Омега-3 од рибино масло

Овие масни киселини придонесуваат против воспаленијата, намалување на ризикот од срцеви заболувања, когнитивни проблеми и болки во зглобовите. Дозата мора да биде препишана од лекар во зависност од потребите на индивидуата, особено доколку се пијат одредени лекови како што се антикоагуланти.

3) Витамин Д

Покрај тоа што ја подобрува апсорпцијата на калциумот, овој витамин е важен и за други телесни процеси како движење на мускулите, пренесување пораки помеѓу мозокот и телото, и помагање на имунолошкиот систем во борбата против бактериите и вирусите. Бидејќи во мали количини го има во храната, а во постудените месеци луѓето не се изложени на доволно сончева светлина, препорачана е суплементација со овој витамин.

4) Хром

Хромот игра улога во регулирање на шеќерот во крвта и ја подобрува апсорпцијата и дистрибуцијата на хранливите материи од храната, а помага и за намалување на тежината, зголемување на мускулната маса, и намалување на апетитот.

5) Глукозамин

Многу луѓе почнуваат да развиваат артритис по 40-тата година во животот, а бидејќи телото користи глукозамин за создавање на хемикалии одговорни за создавање на тетиви, лигаменти, рскавица и течноста околу зглобовите, суплементација со него не само што може да ја намали болката во зглобовите туку и да го спречи влошувањето на состојбата и да ги намали веќе направените оштетувања.

6) Коензим Q10

Телото природно го создава овој антиоксиданс кој клетките го користат за енергија потребна за нивно правилно функционирање. Меѓутоа, нивоата на Q10 опаѓаат со текот на годините, а количината која се внесува преку храната (месо, риба и цели зрна) не е доволна за значително да ги покачи неговите нивоа во организмот, така што потребна е суплементација.

7) Колаген

Со староста, кожата и конективните тела ја губат еластичноста и лубрикацијата, што доведува до создавање брчки и остеоартритис. Суплементите со колаген ги подобруваат здравјето на кожата и флексибилноста на тетивите, како и циркулацијата.

8) Куркума

Овој вкусен зачин кој вообичаено се користи во индиската кујна е моќен анти-вирална и анти-инфламаторна состојка која и помага на крвта да се ослободи од токсичните наслаги акумулирани од (лошата) исхрана и нездравиот начин на живот.

9) Холин

Оваа состојка го одржува мозокот здрав со тоа што го намалува нивото на хомоцистеин (амино киселина) во крвта, со што се сопира/забавува когнитивното ослабување поврзано со староста.

10) Магнезиум

Магнезиумот игра важна улога во многу телесни процеси – ги стабилизира нервите, го намалува крвниот притисок, му помага на инсулинот да се справува со шеќерите и протеините кои ги внесуваме преку исхрана, му асистира на витаминот Д да го насочува калциумот во коските, и го подобрува квалитетот на спиењето.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби