Што треба да знаете кога ги носите децата на поголеми височини?

Секоја година илјадници деца од низините патуваат на поголеми височини, во планинските и излетничките места. Семејства со деца понекогаш и се преселуваат на поголеми височини поради работата на родителите.

Иако најчесто патувањето на поголеми височини е без последици, дел од децата развиваат симптоми кои се јавуваат поради големите височини. Ризиците од изложување на децата на поголеми височини не се доволно истражени, па дел од советите во продолжение се издвоени од советите кои се однесуваат на возрасните кои одат на поголеми височини. Родителите треба да расчистат неколку прашања пред да се искачат со деца на поголеми височини:

· Дали децата навистина го сакаат тоа?

· Дали искачувањето е поради големото родителско его или тоа му е навистина потребно на детето?

Малите деца потешко ја искажуваат својата психофизичка состојба, односно, најчесто нема да кажат дека им е многу ладно и дека не ги чувствуваат прстите од студ (ако знаат да зборуваат). Во тие случаи децата се многу тивки и мирни. Системот за термичка регулација на децата е недоволно развиен, исто како и нивната способност да се адаптираат на хипоксија (состојба на намалување на молекуларната концентрација на кислород во ќелиите на живите организми).

Кога децата ќе се искачат на височина најчест симптом е појавата на болка во ушите која се јавува поради брзата промена на атмосферскиот притисок (брзо искачување или слегување со возило или жичарница).

Ризикот е уште поголем кај многу малите деца или бебиња или кај бебињата со постоечка инфекција на горниот дишен тракт. Тие не можат да го балансираат притисокот во ушите ако носот им е затнат од настинка. Дополнителен проблем за родителите е да ги протолкуваат симптомите кај децата кои не зборуваат, а плачат.

· Малите деца треба да бидат потполно здрави пред да се искачат на височина.

· Ако е можно исчистете им го носот со солена вода (сварена, па изладена вода со сол) за да не им се затне носот.

· Возете бавно и застанувајте почесто ако возите по високи  патишта. Децата нека дишат длабоко после секои искачени 300 до 500 метри надморска височина.

· Одморете се пред пристигнувањето на врвот или после слегувањето од врвот, но не и на самиот врв.

· Ако брзо слегувате од планина (со жичарница), детето силно нека го издува носот со затворена уста.

· Не користете жичарници (или авиони) кога детето е болно поради наглите промени на притисокот.

· При искачување на височина може да користите спрејови за нос за мали деца.

Доколку сакате да знаете кои болести може да се појават при искачување на височина посетете ја страната на ШУМ - Интерактивно списание за сите љубители на спортот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби