Алергии: Епидемија на модерното време

Еден од тројца луѓе што ги среќавате на улица, речиси сигурно се бори со алергии. Почнувајќи од алергија на полен, преку алергија на орев или кикирики, до домашна прашина, влакна од мачка и куче ... Списокот на алергени станува се подолг и подолг.

Се проценува дека околу 30 до 40 проценти од луѓето во светот страдаат од една или повеќе алергиски болести, па алергиските заболувања се нарекуваат епидемија на модерното време.

Европската академија за алергија и клиничка имунологија (ЕААЦИ) објави дека повеќе од 150 милиони Европејци страдаат од хронични алергиски болести.

Понатамошни прогнози велат дека до 2025 година, половина од населението ќе биде погодено од некој вид алергија. Од друга страна, Светската здравствена организација (СЗО) објави дека околу 300 милиони луѓе ширум светот страдаат од астма.

Како настануваат алергиите: - Алергии се јавуваат кога имунолошкиот систем прави грешка, и вообичаена работа ја препознава како напаѓач. Тогаш имунолошкиот систем создава антитела што предупредуваат на тој алерген, па на следната средба со него истите антитела доведуваат до ослободување на голем број хемикалии, како хистамин, кои предизвикуваат алергиски реакции и симптоми. Како одговор на алергенот, реакцијата на човековиот имунолошки систем може да предизвика воспаление на кожата, очите, дишните патишта и слично, објаснува д-р Сузана Р. Савиќ.

Таа нагласува дека сериозноста на алергиските реакции варира од човек до човек, и може да се движи од помала иритација до потешки манифестации, а понекогаш, во најтешки случаи, може да доведе до анафилакса и да го загрози животот.

Меѓутоа, додека повеќето алергии не можат да се излечат, одредени третмани и лекови можат да помогнат да ги ублажат нивните симптоми.



- Постојат многу видови на алергиски реакции, а во зависност од тоа што ги предизвикува, тие најчесто се манифестираат како алергиски ринитис, проследени со кивање и протекување од носот, и чешање на носот и очите. Тие можат да се појават и на кожата во форма на осип, вели д-р Савиќ.

Истражувањата во светот покажуваат дека „современиот живот, стресот, променетиот имунитет, храната богата со конзерванси и адитиви, изложеноста на различни хемикалии и загадувањето на животната средина се можни причини за порастот на алергиски болести". Алергиите се јавуваат во текот на целата година, но почести се во пролетните и летните месеци. Сончевите зраци, поленот од растенијата и убодите од инсекти, прашината, разни хемикалии може да предизвикаат алергии.

- Препорачливо е избегнување на алергени секогаш кога тоа е можно, а во борбата против алергиите достапни се и лекови кои ги ублажуваат симптомите. Лековите, по состав лоратадин, го спречуваат дејството на хистаминот, супстанција што телото ја ослободува како алергиски одговор. На тој начин брзо се ублажуваат симптомите на алергиите: кивање, течење на носот, чешање на носот и очите или осип на кожата, објаснува д-р Савиќ.

Таа ја нагласува важноста на лекот што се користи во третманот на алергии. Многу е важно лекот да се применува правилно, и затоа е неопходно пред првата употреба пациентот секогаш да се консултира со доктор или фармацевт и детално да ги прочита упатствата.

24 Сата.Инфо - Сараево



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби