Смеењето согорува калории и ја подобрува работата на мозокот

Никој со сигурност не знае зошто се смееме – и покрај декади истражувања, научниците и докторите немаат идентификувано психолошка причина за тоа.

Она што го знаеме е дека за време на смеењето, телото поминува низ сериозна трансформација, а еве што точно му се случува што ја потврдува поговорката дека смеењето е најдобриот лек:

1) Се согоруваат калории

Нормално, не може да очекувате дека ќе направите стомачни по изгледани неколку комедии, но студија од Вандербилт универзитетот открила дека смеењето 15 минути дневно согорува до 40 калории - што е половина од малечка бонбона.

2) Мозокот работи подобро

Смеењето испраќа бран електрицитет низ целиот церебрален кортекс и додека едната страна на мозокот го процесира јазикот на кој што шегата е кажана, остатокот пробува да пронајде смисла во апсурдноста на контекстот – со што мозокот функционира во „поголема брзина“.

3) Се лачат ендорфини

Причината што сме порасположени по смеењето е хемиска – физичкиот акт на смеење ослободува ендорфини во мозокот, предизвикувајќи го чувството на среќа

4) Се губи контрола на телото

Х-рефлексот, невролошкиот пат кој предизвикува мускулни контракции, може комплетно да исчезне кога се смееме, олабавувајќи ги мускулите.

5) Се подобрува имунолошкиот систем

Смеењето ја зголемува продукцијата на антитела и Т-клетки во телото кои се борат против болестите и ја подобруваат ефикасноста на имунолошкиот систем.

6) Се зголемува толеранцијата на болка



Експерименти покажале дека субјекти кои гледале комедија имале поголема толеранција на болка, што се должи на ослободувањето ендорфини во телото.

7) Се намалува крвниот притисок

Смеењето го намалува крвниот притисок, а истражувачите го поврзале со здравата функција на крвните садови.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби