Како вежбањето ја подобрува работата на мозокот?

Вежбањето не само што е добро за здравјето и го подобрува изгледот, туку има влијание и на „менталниот мускул“ т.е на мозокот и на неговата функција. Еве на каков сè начин:

1) Го поттикнува развојот на мозокот



Како што старееме, раѓањето на нови мозочни клетки забавува и ткивото на мозокот всушност се намалува – а вежбањето може да го сопре тој процес. Една студија која вклучувала скенирање на мозокот кај здравите, но стари луѓе на возраст од 60-79 години покажала значителен пораст на волуменот на мозокот по само 6 месеци аеробен фитнес тренинг – нешто што го немало кај контролната група (која не вежбала) и кај оние кои само правеле вежби за истегнување. Причината за тоа е што кардио вежбите го подобруваат протокот на крв во мозокот, а со тоа и испораката на кислород (мозокот користи 20% од целиот кислород во телото)

2) Го поттикнува лачењето на хормони кои го „градат“ мозокот



Хемикалијата позната како BDNF го стимулира растот и пролиферацијата (размножување на одредени состојки на клеточното ткиво) на мозочните клетки, особено во хипокампусот – мозочниот регион одговорен за меморијата кој е ранлив на последиците врз меморијата кои доаѓаат со стареењето. Колку повеќе вежбате, толку повеќе се создава BDNF.

3) Се бори против депресијата и анксиозноста



Депресијата ја забавува мозочната способност да процесира информации, што ја отежнува концентрацијата и донесувањето одлуки, и предизвикува проблеми со меморијата. За сериозната депресија докторите вообичаено препишуваат антидепресиви, но за помалку сериозните случаи вежбањето значително може да помогне во подобрување на расположението бидејќи ја зголемува продукцијата на серотонин и допамин, мозочните хемикалии од клучно значење за позитивното/среќно расположение, а се зголемува и новото на ендорфини.

4) Ги намалува ефектите од стресот



Ако некои хормони како BDNF го подмладуваат мозокот, други пак го стареат – како т.н стрес хормон кортизол. Забавеното и „расфрлано“ размислување, како и заборавањето често пати се предизвикани од стрес, а вежбањето го намалува нивото на кортизол во телото и помага за генерирање на нови нервни клетки во областа dentate gyrus која се наоѓа во хипокампусот и е поврзана со создавање на нови сеќавања. Мозочните клетки во оваа област се трошат кога сме под стрес, а вежбањето тоа го спречува.

5) Ја подобрува извршната функција на мозокот



Извршната функција ги вклучува когнитивните способности како фокусирање на комплексни задачи, организирање, апстрактно размислување, планирање на идни настани, како и работната меморија како што е способноста да помниме телефонски број додека го вртиме.

Кога истражувачите ги анализирале ефектите од вежбањето врз извршната функција, од податоци од 18 добро дизајнирани студии откриле дека оние на возраст од 55-80 години кои редовно вежбале имале 4 пати подобри резултати на когнитивните тестови отколку контролните групи кои не вежбале. Ефектите биле најголеми кај оние кои вежбале 30-45 минути секоја сесија во период подолг од 6 месеци.

6) Ја зголемува чувствителноста кон инсулинот



Кога јадеме, телото поголемиот дел од храната го претвора во гликоза т.е шеќер во крвта, што е главниот извор на енергија на телото, вклучувајќи го и мозокот. За да гликозата навлезе во клетките, таа мора да е придружена од хормонот инсулин. За жал, кај некои луѓе, клетките стануваат резистентни на инсулин, па телото мора да пумпа сè повеќе од него, што често резултира со тип 2 дијабетес. Дури и ако дијабетесот не се развие, инсулинската резистентност лошо влијае на мозокот бидејќи кога мозочните клетки се поплавени со гликоза, тоа влијае на меморијата и размислувањето.

Редовното вежбање може да ја излечи инсулинската резистентност бидејќи ја зголемува инсулинската чувствителност, стабилизирајќи го шеќерот во крвта по јадењето – најмалку 16 часа по еден тренинг.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби