ЗА ДА ТРЧАШ ШТО ПОДОЛГО

Психологија на маратонското трчање

По својата природа, маратонското трчање не е дел од нашата еволуција. Точно е дека нашите претци трчале повеќе од нас, ловеле животни или бегале од нив, но сигурно не трчале 42 километри дневно. Маратонското трчање е надвор од границите на нормалното трчање. Се трча по сонце, дожд, на ладно и на топло време, на рамно и по планини. Но, сепак на многумина им се допаѓа тоа.

Кога некој ќе каже дека истрчал маратон, луѓето помислуваат многу работи за него; едни мислат дека тркачот штиклира незавршена животна обврска; други велат: „Браво, секоја чест“; трети се чудат: „Го изложуваш телото на голем напор, а и даваш пари за тоа. Зошто?“



Некои работи што ги прават луѓето не се логични ако не се гледаат низ еволуциски очила. Не дека трчањето 42 километри е нормално, не е, туку тоа го надминува разумното човечкото однесување. Маратонското трчање е интересен човечки феномен. Тренинзите се тешки и одземаат време. Финансиските трошоци се значителни. Времето во текот на тренинзите и трката честопати е непријатно, топло, ладно, дождливо, снежно.

И, зошто илјадници луѓе се пријавуваат на маратонските трки? Што добиваат од тоа?

Дел од научниците тврдат дека маратонското трчање е еволуциска психологија на сигнали – размена на сигнали, кон другите, но и сигнали кон себе. Маратонското трчање е јасен сигнал до другите кој покажува:

  •  Јас сум исклучително силен.
  •  Можам да издржам големи физички напори.
  •  Поупорен сум од обичните луѓе.
  •  Можам да ги ставам краткорочните лични интереси настрана.

Но, тоа е исто така и сигнал кон себе. Научниците тврдат дека ние честопати се гледаме себе си преку очите на другите.



Обично почнуваме од нула и отпочеток не можеме да истрчаме дури ниту еден километар. Но, со тренинзи полека се гради кондицијата. А, тренинзите одземаат време, енергија, значат станување рано наутро и легнување рано навечер. Тренинзите ги ставаат на тест нашите пријателства и врски. Тренинзите значат и промена во исхраната. Животот се менува согласно планот на тренинзи. Со текот на времето стануваме свесни дека менталната снага е поважна од физичката снага.

Добриот тренинг план е основа за успешна маратонска трка, но, на крајот на денот, ние сме единствените кои наутро ќе облечеме тренерки, ќе ги врземе патикте и ќе ја истрчаме патеката. Луѓето можат да ни помогнат, но никој не може да тренира за нас.



Што може маратонскиот тркач да научи за себе во тие 3:45 часа или 4:23 часа трчајќи по дожд низ улиците на Скопје? Па, од еволуциска перспектива, може многу да се научи од ваквото искуство. Учиме дека може да постигнеме нешто извонредно, дека сме силни работници кои можат да работат во мачни и неповолни околности, дека имаме тактика и стратегија за постигнување на своите повисоки цели. Велат дека првите 15 километри од маратонот се трчаат со нозете, вторите 15 километри со срцето, а последните десетина километри со главата.

Маратонците обично размислуваат дека: „Ако го направив ова, мора да сум способен и за многу поголеми работи“. Маратонското трчање, на свој начин, е врв во себежртвувањето. Поминуваме дел од својот живот во сомневања; дека не сме доволно добри, дека не сме доволно силни, дека не сме ги постигнале посакуваните цели. Маратонот е можност за избавување. Можност, бидејќи се зависи од нас и само од нас.

Доколку ви се допадна овој текст, повеќе вакви и слични содржини можете да прочитате на ШУМ - Интерактивно списание за сите љубители на спортот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби