5 знаци дека ви треба повеќе спиење

Спиењето е важно бидејќи тогаш телото се ослободува од стресовите од претходниот ден и го подготвува умот за она што следи по будењето. Без добро и доволно долго спиење, не постои начин да се одржи здравјето.

Во просек би требало да се цели кон 7-9 часа спиење секоја вечер. Иако некои можат да функционираат и со помалку, важно е да бидеме свесни за сигналите кои ни покажуваат дека ни е потребен сон:

1) Продуктивноста е намалена

Кога спиеме, телото го чисти акумулираниот „отпад“ од мозокот, во процес кој се случува во најдлабокиот стадиум од спиењето (спиење со бавни мозочни бранови). Кога овој „пречистувачки“ процес ќе се испушти, чувствуваме оштетување на меморијата, замор во текот на денот и потешкотии во концентрацијата и фокусирањето.

2) Чувствувате како животот да ви е во хаос



Бидејќи спиењето го регулира расположението, недостатокот од него создава зголемена иритираност и нетрпеливост, поради што ни се чини дека не сме организирани без разлика колку работиме.

3) Не ги исполнувате фитнес целите



Физичкиот фитнес е од клучно значење за здрав и добро балансиран живот, а кога не сме наспани, резултатите од вежбањето изостануваат или драстично се помали во однос на тоа какви се кога сме доволно наспани.

4) Постојано сте гладни



Зголеменото чувство за глад кое е резултат на недостатокот на сон ја зголемува продукцијата на грелин (хормонот на гладот), и ја намалува продукцијата на лептин (хормонот на заситеност).

5) Заспивате веднаш штом главата ја допре перницата



Просечното време на заспивање (без претходно прекумерно лишување од сон) изнесува 5-15 минути откога ќе се легне. Подолго од 20-30 минути веќе е знак за несоница, но и пократко од 5 минути е загрижувачки, бидејќи тоа значи дека сте преморени. 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби