Високо ниво на витамин Д поврзано со подобрен кардиореспираторен фитнес

Ново истражување открило дека висока концентрација на витаминот Д во крвта е поврзан со подобрен кардиореспираторен фитнес.



Во студијата направена од истражувачи од универзитет во Вирџинија, биле собрани податоци од крвниот серум на 1995 партиципанти на возраст од 20 до 49 години, кои биле поделени според нивото на витамин Д во крвта.

На нив им била измерена способноста на срцето и белите дробови да овозможат доток на кислород во мускулите за време на вежбањето, чија единица мерка е максимална потрошувачка на кислород, наведена како VO2 max.

Резултатите покажале дека оние од групата со највисоко ниво на витамин Д во крвта имале за 4.3 пати подобар кардиореспираторен фитнес отколку оние од групата со најниско, поточно подобар капацитет за вежбање.

Поврзаноста била задржана дури и откако во предвид биле земени останати потенцијални фактори како староста, полот, расата, индексот на телесната маса, пушењето, хипертензијата и дијабетесот.



Поврзаноста била силна низ сите тестирани групи, што сугерира дека одржување на адекватно ниво на витаминот Д е особено важно, особено во студените и облачни места каде луѓето не се премногу експонирани на сончева светлина.

Мора да се напомене дека токсичноста со овој витамин може да доведе до вишок калциум во крвта што предизвикува лошење, повраќање и слабост на организмот, па мора да се внимава на препорачаните дози доколку витаминот се зема во форма на суплемент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби