Утринското вежбање корисно за целото тело

Дали е подобро да се вежба наутро или подоцна во денот е една од најчесто дебатираните фитнес теми.

Реално, не постои „најдобро време“ за вежбање и секое си носи  различни придобивки по здравјето. Еве кои се причините и здравствените придобивки од вежбањето рано наутро:

1) Ќе правите подобри и поздрави избори во текот на денот.



Кога денот го започнувате работејќи на своето здравје, ќе се стремите да го одржите тоа ниво на здрав живот и во текот на денот.

Доколку, на пример, вежбате во 8 часот наутро, големи се шансите да не сакате резултатите од него да ги „расипете“ со крофни или некој нездрав појадок. Сите вакви мали одлуки кои ќе ги носите во тек на денот ќе резултираат со подобро здравје.

2) Подобро ќе спиете



Според некои истражувања, оние кои трчале во 7 часот наутро спиеле подолго, имале подлабоки циклуси на спиење и поминувале 75% повеќе време во нај репаративните фази на спиењето (кога се обновуваат мускулите и целиот организам) во споредба со оние кои вежбале подоцна во денот.

3) Ќе имате понизок крвен притисок



Луѓето со хипертензија, т.е висок крвен притисок, често имаат потреба од лекови за да ја контролираат оваа состојба. Но, тука може да помогне и промената на начинот на живот, како што е вежбањето наутро. За потребите на една студија, биле истражувани партиципанти кои вежбале во 3 различни периоди од денот: 7 наутро, 11 наутро и 7 навечер.

Оние кои вежбале порано го редуцирале крвниот притисок по вежбањето за 10%, а оние кои вежбале во 7 наутро спиеле подобро и имале подолги циклуси на спиење.

4) Ќе ви се подобри расположението



Вежбањето ослободува ендорфини, кои се еден вид на природни ублажувачи на болка во телото. Доколку мозокот „плива“ во нив од рано наутро, во текот на денот ќе се чувствувате пооптимистични и помалку подложни на стрес и анксиозност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби