Депресијата кај мажите би можела да се третира со тестостерон

Според резултатите од анализа на 27 претходни студии кои вклучувале вкупно 1890 мажи, било покажано дека третманите со тестостерон можеби би помогнале во третирањето на депресијата кај мажите.

Идејата за можна поврзаност помеѓу тестостеронот и депресијата не е нова. Oвој хормон веќе долго време се асоцира со промени во расположението и апетитот, а веќе неколку декади научниците пробуваат да откријат дали е корисен за третирање на депресија.

Истражувачите од институтот во Дрезден, Германија, откриле дека помеѓу сите 27 студии (контролирани со плацебо), третманите со тестостерон биле поврзани со значително намалување на симптомите на депресијата, особено кога биле дадени поголеми дози.

Пред овој хормон да почне да се употребува како третман, потребни се дополнителни истражувања бидејќи овие студии покривале многу различни варијабли и сценарија – што не е исто како и една добро контролирана студија менаџирана од еден тим.

На пример, дел од тие 1890 мажи имале ниско ниво на тестостерон, а некои нормално. Некои биле на антидепресиви, а некои не; некои биле дијагностицирани со депресивно пореметување, додека некои имале само симптоми.

Придобивките и подобрувањата на расположението типично се појавиле во првите 6 недели и биле забележливи и кај помладите и кај постарите мажи.

И покрај сите претходни истражувања на оваа тема, сè уште нема долгорочна студија со голем обем на партиципанти во врска со тоа како тестостеронот може да влијае и на мажите и на жените со депресија.

Се проценува дека антидепресивите може да бидат ефективни во само 60% случаи, па алтернативни терапии дефинитивно се потребни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби