Недостатокот од физичка активност може да биде полош и од пушењето

Пушењето има сериозни несакани последици, како зголемениот ризик од срцев и мозочен удар, рак на белите дробови и хроничен бронхитис. Меѓутоа, ново истражување открило дека последиците од невежбањето можат да бидат подеднакво сериозни.



Истражувачот Др. Кајл Мандсегер, кардиолог од клиниката во Кливленд, анализирал податоци од стрес тестови од 122 000 пациенти во период од скоро 2 декади и открил дека оние со најниско ниво на физички фитнес имале зголемен ризик од смрт сличен или поголем од традиционалните ризични фактори како што е пушењето.

Вежбањето има исклучително позитивно влијание на нашето здравје. Го намалува крвниот притисок, го подобрува холестеролот и глукозниот метаболизам, а помага и за одржување на здрава телесна тежина. Сето ова резултира со намалување на ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес, прекумерна тежина, па дури и канцер.



И пушењето и неактивноста имаат слично влијание на срцето и двете предизвикуваат зацврстување на артериите.

Истражувачите следеле 8425 средновечни мажи во периодот помеѓу 1998-ма и 2007-ма и откриле дека оние кои редовно вежбале имале помала калцификација во нивните артерии и дека секое зголемување на нивото на фитнес (од неактивно во супер активно) било поврзано со 11% намалување на ризикот од срцеви заболувања. Дополнителните истражувања покажале дека до 62% од пушачите имале калцификација на коронарната артерија.

Докторите и кардиолозите препорачуваат најмалку 150 минути вежбање со среден интензитет неделно или 75 минути со голем интензитет, иако било колкав период поминат во вежбање е корисен во споредба со комплетната неактивност. Други студии, пак, покажале дека пациентите кои се екстремно фит живееле најдолго – колку по фит, толку помал им бил ризикот од смрт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби