Митови поврзани со стомачните мускули

Видливи стомачни мускули се сон на скоро секој кој се занимава со фитнес, без разлика дали се работи за машко или женско, но во врска со нив постојат многу неточни митови кои многу често се споделуваат во јавноста.

Мит 1: Со вежби за стомачни ќе ги елиминирате последиците од лошата исхрана



Доколку постојано се храните нездраво, тоа ќе влијае не само на вашиот стомак туку и на рацете, забите, нозете, артериите, кожата и др.

Правењето „стомачни“ започнува во кујната со чиста и здрава исхрана, но дури и кога изборот на храна е правилен, големината на порциите е од витално значење бидејќи сепак е возможно да се претера и со здрава исхрана.

Универзалната вистина е дека со консумирање на повеќе калории дневно отколку што телото ги согорува (без разлика од каков вид на храна), ќе ја зголемите телесната тежина.

Мит 2: Јаглехидратите ги „убиваат“ стомачните



Јаглехидрадите се есенцијалната хранлива состојка која телото ја користи за енергија, што значи дека тие дефинитивно нема да ги уништат стомачните мускули.

Меѓутоа, јаглехидратите кои бргу се варат како што се белиот леб, спортските пијалаци и компирите можат да предизвикуваат нагло покачување на инсулинот, што влијае на слабеењето - таквите јаглехидрати треба да се консумираат по вежбањето бидејќи придонесуваат во опоравувањето на телото.

Се препорачува да се консумираат јаглехидрати од овошје, зеленчук, мешунки, кафен ориз, тестенини од цели зрна, грав или овес.

Мит 3: Надополнување на недостатокот од резултати со суплементи



Суплементите како кофеинот, зелениот чај, па и разните „топачи на масти“ имаат карактеристики кои го забрзуваат топењето на мастите, но сами по себе нема магично да ве ослабат и да добиете стомачни. За тоа да се постигне, покрај балансираната исхрана потребни се ригорозни тренинзи, мал процент на телесни масти и адекватен одмор.

Мит 4: Тренирајте ги стомачните секојдневно



Доколку тоа го правите, големи се шансите да ги „претренирате“ и воспалите, со што само ќе постигнете резултати спротивни од посакуваните. Стомачните мускули треба да се третираат како и сите други мускули во телото, и за да се напредуваат потребен им е одмор за да закрепнат.

Мит 5: Стомачни се прават исклучиво со правење вежби за нив



Можете да правите вежби како што е класичното превиткување и 24 часа секој ден, но тоа нема да ви гарантира дека ќе добиете видливи стомачни мускули доколку врз нив има масни наслаги.

Единствен начин за тие да се појават е строг и здрав режим на исхрана и постојано тренирање со кое ќе се редуцираат масните наслаги во телото. Локацијата од која што тие ќе се истопат воопшто не зависи од вежбите, така што митот за “spot reduction” (пример, тврдењето дека вежбање на стомачните ќе ги истопи масните наслаги кои се наоѓаат токму врз нив) е дефинитивно неточен

За добивање на „стомачни“ влијаат и многу други надворешни фактори. На тоа секако влијае генетиката, стресот кој го накачува нивото на кортизол што влијае на слабеењето, недоволното спиење, јадење нездрава храна доцна во ноќта и сл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби