Истражување: Едно од три лица заборава да ги измие забите

Луѓето не обрнуваат внимание на здравјето на устата и забите, а денталната хигиена е ниско на нивната листа на приоритети. Ова го покажа најновото истражување, според кое, едно од три лица редовно заборава да ги измие забите, пишува „Индепендент“.



Истражувањето на Колгејт Тотал, во кое учествувале 2.000 возрасни лица, покажало дека постои неконзистентен пристап на денталната хигиена и дека луѓето не работат доволно на здравјето на своите заби и уста.

Еден од 10 анкетирани рекол дека користи гума за џвакање наместо паста за заби, а 80 отсто дека страда или се борел од некои проблеми како што се чувствителност (33 проценти), кариес (32 отсто) и крвавење (31 процент).

Здравјето на устата било ниско на листата на приоритети на анкетираните, кога е во прашање одржување на здравиот начин на живот, веднаш зад диета, тежина и ментално здравје. Само девет проценти од испитаните сметаат дека тоа прашање е важно.



Шест од 10 испитани рекле дека не воделе доволно сметка за оралната хигиена, а 43 отсто од нив рекле дека не знаат како да одржуваат хигиена на уста и заби.

Стручните лица од таа област истакнуваат дека повеќето проблеми, кои се однесуваат на орално здравје можат да ги спречат или намалат со секојдневна орална хигиена.

– Кога се вели орално здравје, повеќето луѓе мислат на забите. Бактерии се наоѓаат и на јазикот, образите и непцето, па им е потребно слично ниво на заштита, како и на забите, за да се постигне здравје на целата уста, вели стоматологот Милад Шадрух.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби