Продукти кои не е препорачливо да се мешаат со алкохол

Мешањето на алкохол со разни лекови, но и со разни други продукти може да предизвика многу негативни ефекти. Во случај на лековите често може целосно да го елиминира нивното дејство.

Еве што сè не се препорачува да се консумира заедно со алкохол:

1) Аналгетици



Лековите против болка како оние кои содржат ибупрофен можат да предизвикаат здравствени проблеми доколку се комбинираат со алкохол подолг временски период. Тие проблеми вклучуваат гадење, крварење во стомакот и чиреви, забрзано отчукување на срцето, како и оштетување на црниот дроб поради тоа што тој користи многу повеќе енергија од вообичаено за да ги процесира сите супстанци одеднаш.

2) Лекови против болка – опиоиди, против анксиозност и антидепресиви

Опиоидните лекови против болка можат да бидат смртоносни и сами по себе, а комбинирањето со алкохол ги прави уште поопасни. Оваа комбинација може да резултира со тешка поспаност, екстремна вртоглавица, потешкотии при дишењето, влошени моторни функции, проблеми со меморијата, оштетување на црниот дроб и голема веројатност за предозирање.

3) Лекови за релаксација на мускули



Овие лекови го таргетираат делот од мозокот кој го регулира централниот нервен систем, а кога неговата функција забавува, тој испраќа сигнал до респираторниот систем за и тој да забави. Нивното мешање со алкохол може да предизвика потешкотии со дишењето и трајно оштетување на респираторниот систем.

4) Апчиња за заспивање

Мешањето на ваквите апчиња со алкохол резултира со поспаност, вртоглавици, отежнато дишење, влошени моторни функции и проблеми со меморијата. Долготрајното нивно мешање предизвикува и значително оштетување на црниот дроб, па дури и појава на зависност (од апчињата за заспивање).

5) Сируп против кашлица



Слично на мускулните релаксатори, овој сируп функционира така што го потиснува рефлексот за кашлање во респираторниот тракт со негово забавување, а мешањето остава долготрајни ефекти на респираторниот систем.

6) Лекови за дијабетес

Иако дијабетичарите смеат да пијат од одредени услови, тоа секогаш треба да се прави претпазливо и под постојан надзор. Тие никогаш не смеат да прескокнат оброк пред консумирање на алкохол, да пијат алкохол кога нивото на шеќерот во крвта им е низок, и треба да избегнуваат коктели и пијалаци кои содржат голема количина на шеќер. Комбинацијата на лекови за дијабетес со алкохол може да предизвика забрзано отчукување на срцето, главоболки, гадење и повраќање

7) Лекови за алергија



Мешањето на овие лекови со алкохол има депресивен ефект на централниот нервен систем и тоа може значително да ја забави неговата функција.

8) Антибиотици

Комбинацијата на антибиотик со алкохол може да предизвика сериозно гадење и повраќање – овие две супстанци не би требало да се мешаат и до 3 дена по завршувањето на целата доза на антибиотици.

9) Лекови против еректилна дисфункција



Лековите како Циалис, Вијагра и Левитра го зголемуваат ефектот на азотниот оксид, хемикалија во телото која ги релаксира мускулите. Дури и без алкохолот, овие лекови можат да предизвикаат назална конгестија (затнување на носот), главоболки, промени во видот и проблеми со стомакот. Во комбинација со алкохол, овие негативни симптоми се влошуваат.

10) Премногу солена храна

Иако се сугерира да се изеде оброк пред да се пие алкохол, храната која изобилува со сол само дополнително ќе го дехидрира телото, што може да доведе до зголемен внес на алкохол поради чувството на жед.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби