Пет знаци кои покажуваат дека имате недостаток на калиум

Калиумот е важен електролит кој им е потребен на клетките за да се извршуваат нормални активности, како мускулни контракции или ефикасно отчукување на срцето. Доколку подолг временски период телото има недостаток од калиум, клетките престануваат да функционираат нормално.

Еве некои знаци кои укажуваат на недостаток на калиум во организмот:

1) Зголемен крвен притисок

Исхраната богата со натриум е поврзана со високиот крвен притисок, но калиумот помага при балансирање на ефектите од натриумот. Колку повеќе калиум внесуваме преку исхраната, толку повеќе натриум се губи преку урината.

Доколку во телото имаме недоволно калиум, како резултат на тоа може да се зголеми крвниот притисок. Калиумот исто така помага при намалување на тензијата во ѕидовите на крвните садови, што дополнително помага за спуштање на притисокот.

2) Нерегуларни отчукувања на срцето

Недостатокот од калиум може да предизвика срцеви палпитации, бидејќи неговото движење во и од срцевите клетки го одржува чукањето на срцето во најдобар ред.

3) Грчеви во мускулите



Бидејќи калиумот е одговорен за мускулните контракции, недостатокот од електролити го продолжува времетраењето на овие контракции што доведува до грчеви во мускулите.

4) Запек

Дигестивните проблеми како запекот може да бидат предизвикани од недостатокот на калиум, а причината за тоа е што тој помага при пренесувањето на сигналите од мозокот до разните делови на телото - како што е дигестивниот систем. Недостатокот од калиум ги ослабува овие сигнали, што резултира со забавување на целиот дигестивен процес.

5) Замор

Разни истражувања покажале дека недостатокот на калиум ја инхибира способноста на телото да создава инсулин, што води до зголемено ниво на шеќер во крвта. Откако нивото на шеќер нагло ќе се зголеми, тоа нагло и паѓа што создава чувство на исцрпеност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби