Дали „прочистувањето“ со сокови и вода може да предизвика мозочно оштетување?

Познато е дека „детоксификацијата“ со сокови има лоши последици на телото од кои едната е постојано чувство на глад. Eдна 40-годишна жена од Израел од овој тип на детокс доби оштетување на мозокот. Таа следела диета која се состоела исклучиво од вода и овошни сокови препорачана од „алтернативен лекар“, по што завршила во болница со тешка неухранетост, нерамнотежа на натриум и потенцијално неповратно мозочно оштетување.



Според нутриционистите, сето ова е возможно кога ваквите диети се екстремни, бидејќи може да доведат до хипонатремија односно труење со вода/течности, како и до исклучително ниско ниво на натриум во организмот. Овошјето содржи малку од овој минерал, уште помалку од разните зеленчуци, а во комбинација со препораките да се пие и вода (покрај соковите), многу лесно може да се предизвика сериозна хипонатремија.

Причината за тоа е следната: кога ткивата имаат дисбаланс од неколку електролити, а премногу вода, таа навлегува во клетките и предизвикува нивно отекување. Тоа се случува насекаде во телото, но најсмртоносните ефекти се случуваат кога мозочните клетки бидејќи отекуваат во тесно контролираниот простор во черепот. Во најлошите случаи, хипонатремијата може да доведе до епилептични напади, онесвестување, кома, па дури и мозочен удар предизвикан од притисокот во крвните садови во мозокот.



Покрај ваквите опасни диети, труењето со вода може да се случи и на спортистите кои пијат премногу вода пред и после натпреварите без адекватно да ги надоместат електролитите, како и кај луѓето со здравствени состојби кои влијаат на функцијата на бубрезите или кои што земаат лекови кои влијаат на бубрезите (на пр. некои антидепресиви или лекови против болки).

Во поголемиот број случаи, ефектите можат да бидат кратки и не премногу интензивни, а да вклучуваат главоболка и губење на енергијата, но во некои случаи труењето со вода може и да е смртоносно. Во 2007-ма имало случај кога жена умрела по натпревар во пиење вода организиран од радио станица, иако еден слушател се јавил во програма и ги предупредил за ефектите од интоксикација со вода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби