Неколку причини зошто не ги губите маснотиите на стомакот

Отстранувањето на маснотиите од стомакот е важно не само поради изгледот, туку и поради здравјето. Вишокот на абдоминални масти, особено висцералните масти кои ги опкружуваат органите и го дујат стомакот можат да предизвикаат инсулинска резистентност, па дури и некои типови на канцери.

Доколку правилно се храните и вежбате, а стомакот никако да ви се „истопи“, еве што сè може да биде причина за тоа:

1) Имате недостаток од магнезиум



На нашето тело му е потребен магнезиумот за повеќе од 300 хемиски реакции, меѓу кои се одржување на правилен ритам на отчукувањата на срцето и регулирање на нивото на шеќер во крвта. Оваа хранлива состојка влијае и на губењето на тежината и на мастите од стомакот. Во една студија било откриено дека зголемениот внес на магнезиум е поврзан со пониско ниво на гликоза и инсулин (маркери поврзани со дебелеењето), а други истражувања покажале дека магнезиумот во форма на суплемент има позитивни ефекти на редуцирање на задржувањето на вода во ткивата за време на менструалниот циклус.

2) Правите погрешни вежби



Многу луѓе во обид да ослабат прават кардио вежби со рамно темпо, а проблемот со овој пристап е што 45-минутно трчање со еднакво темпо во почетокот можеби ќе ви помогне да ослабете, но подоцна метаболизмот ќе се прилагоди и ќе престане да согорува калории во моментот кога ќе се престанете.

Подобар и поефективен начин за „топење“ на мастите во стомакот е вежбањето со тежини. Тоа креира микро-оштетувања во мускулите, а процесот на заздравување побарува повеќе енергија, т.е согорува повеќе калории и трае и до 2 дена по тренингот.

Истражувањата покажале дека најефективните вежби за слабеење се HIIT (тренинг во интервали со висок интензитет), кои ја забрзуваат работата на срцето и ги трошат мускулите.

3) Не спиете доволно



Студија открила дека жените кои спијат 5 или помалку часови во ноќта имаат 32% поголеми шанси за дебелеење во споредба со оние кои спијат доволно. Покрај тоа, оние кои спиеле 4 часа наместо 8 консумирале 300 дополнителни калории дневно, претежно од масна храна. Причината за тоа е што неспиењето предизвикува зголемување на хормонот грелин кој го стимулира апетитот.

4) Исхраната ви е богата со сол



Вишокот сол предизвикува водата од крвотокот да отиде во кожата, што ве прави подуени. Доколку често јадете храна од конзерви, додавате дресинг на салатите, јадете сувомеснати и млечни производи како урдата, може многу лесно да ја надминете препорачаната дневна доза натриум.

5) Пиете премногу алкохол



Разни студии покажале дека алкохолот може да го зголеми апетитот и внесот на храна, а одредени видови алкохол се поврзани со зголемување на маснотиите на стомакот.

Во ред е повремено уживање во чашка вино со оброк, но избегнувајте ги мешавините на алкохол со газирани пијалаци, како и премногу пиење на темен алкохол кој содржи многу шеќери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби