Дали треба да се пијат суплементи со колаген?

Колагенот се консумира за намалување на болките во зглобовите, за превенција на губењето на цврстината на коските, за побрзо заздравување по некоја повреда, за подобрување на растот на косата и ноктите, како и за зголемување на мускулната маса и подобрување на здравјето на срцето.



Колагенот е есенцијален протеин т.е „градежен блок“ на телото – го има во коските, мускулите, тетивите, лигаментите, крвните садови, па и во обвивката на дигестивниот тракт, но тој природно се намалува како што старееме, што предизвикува појава на брчки, вкочанетост на мускулите, артритис, болки во зглобовите и дигестивни проблеми.

Многу студии покажуваат позитивни резултати од консумирање на колаген како што се намалување на болката во зглобовите кај спортистите и луѓето со остеоартритис, подобрена еластичност на кожата и поцврсти нокти, меѓутоа важно е да се напомене дека овие истражувања се во нивните рани фази и студиите имаат ограничен број на податоци. Сè уште не знаеме кој вид на колаген е најдобро да се консумира, ниту пак во која количина.

Како и кај многу продукти кои се во тренд, за голем дел од често рекламираните здравствени придобивки на нив не постојат цврсти научни докази, а во научната литература нема консензус во врска со дозирањето.



За телото најефикасно да создава колаген, важно е да се консумира балансирана исхрана богата со висококвалитетни протеини и амино киселини, бидејќи телото создава колаген комбинирајќи аминокиселини од храна богата со протеин како говедско месо, риба, грав, кокошка, и јајца. За создавање на колаген на телото му се исто така потребни витамин Ц, како и цинк и бакар.

За неговото создавање влијаат и фактори како пушењето и преголема изложеност на UV зрачење, бидејќи тие тоа го намалуваат. Покрај тоа, исхраната богата со рафиниран шеќер ја промовира продукцијата на молекули кои го оштетуваат колагенот и еластинот, уште еден протеин кој кожата ја прави еластична.

На пазарот постојат разни видови на колаген како хидролизиран, во течна форма или прашок во капсули, синтетички колаген како и во природни извори како желатин, белки од јајца и спирулина. Колагените од растително потекло всушност не содржат колаген, туку мешавина од аминокиселини, витамини и минерали кои ја поддржуваат неговата продукција.

Во секој случај, консумирањето на исхрана богата со протеин за природно да се зголеми продукцијата на колаген не може да наштети, ниту пак користењето суплементи колаген за да самите видите дали ќе предизвика здравствени придобивки за телото.

Сепак, бидејќи истражувањата сè уште се во најрана фаза, не е познато дали скапите суплементи се поефективни од она што би го внесувале преку исхраната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби