Што му се случува на телото кога цел ден седите?

Најголемиот дел од оние со канцелариска „од 9 до 5“ работа работното време го поминуваат седејќи, а често им се случува да продолжат со истата активност и по заминувањето од работа. Телото е во лежечка или седечка положба, што значително може да влијае на здравјето особено доколку тоа трае со декади. Еве какви сè промени се случуваат на телото предизвикани од постојаното седење:

1) Мускулите на рамениците ослабнуваат



Без разлика колку се трудите да не седите подгрбавени на работното место, по многуте часови поминати во седење грбот најчесто завршува во таа положба – со грбот превиткан нанапред и испакнати лопатки.

Со тек на времето, ваквата положба може комплетно да го промени начинот на кој што лопатките на рамениците се движат и функционираат, што може да предизвика потешкотии во подигнувањето на рацете над главата, како и повреди на рбетот и зглобовите.

2) Ослабнуваат и мускулите на нозете и грбот

По само еден час седење без пауза, мускулите по должината на грбот и нозете кои нè држат исправени (т.н постурални мускули) почнуваат да ја губат силата, т.е способноста правилно да се активираат, што може да доведе во промени во држењето по краток временски период.

3) Протокот на крв се намалува

Намалувањето на силата на мускулите придонесува и за намалување на протокот на крв во долните екстремитети, што може да предизвика згрутчување на крвта – а ако една таква грутка стигне во белите дробови, може да предизвика пулмонарен емболизам.

4) Се чувствува интензивна болка во долниот дел на грбот

По неколку часови седење, сакрумската коска (онаа над „опашката“) ја менува позицијата што може да предизвика болка доколку се заглави во пршлените на долниот дел на грбот.

Бидејќи притоа ослабнуваат и мускулите околу неа, комбинацијата на симптоми може да доведе до воспалување на сакроилијачниот зглоб и болка во целиот грб, нозете и колковите.

5) Може да се развие артритис на грбот



Кога постуралните мускули ослабнуваат и сакрумската коска се поместува, зглобовите во колковите исто така ослабуваат, што може да доведе до поголеми проблеми како што е артритис на грбот.

6) Белите дробови создаваат помалку кислород

Белите дробови имаат помалку простор да се шират кога дишеме кога седиме и не функционираат со нивниот нормален капацитет, овозможувајќи здрава количина на кислород до остатокот на телото. Ова може да резултира со забрзано отчукување на срцето, губење здив, збунетост, и сл.

7) Абдоменот е компресиран што доведува до дигестивни проблеми

Покрај белите дробови и абдоменот се компресира, па поради тоа може да се јават дигестивни проблеми како подуеност, гас, грчеви, киселини во стомакот и сл.

8) Се зголемува ризикот за Алцхајмерова болест

Бидејќи целодневното седење драстично го редуцира протокот на крв во сите делови на телото, тоа влијае и на мозокот. Тоа може да предизвика редуцирана продукција на нови неврони, ограничување на пластичноста како и зголемување на инфламацијата на мозокот.

Намалената активност на мозокот предизвикува губење на дебелината на мозокот во медиалниот темпорален лобус – делот одговорен за меморијата. Поради тоа, 13% од сите случаи на Алцхајмерова болест се поврзани директно со неактивниот стил на живот.

9) Се зголемува ризикот од дијабетес

По само еден ден поминат во седење, неактивните мускули во телото имаат потешкотии да реагираат на инсулинот – хормон создаден во панкреасот кој помага глукозата да се разложи за да се добие енергија. Така, кога телото не може ефективно да ја разложи глукозата, значително се зголемува ризикот од дијабетес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби