Зошто темното чоколадо е совршено јадење пред вежбање?

Една од најлошите работи кои може да ги направите е да отидете на тренинг гладни поради тоа што не ви се чека најмалку еден час за да ви се свари храната која би ја изеле.

Едно од решенијата е нешто да „грицнете“ пред вежбање, но многу од таквите производи се богати со шеќер, кофеин, или двете.



Ерик и Рајан Џонсон се сертифицирани персонални тренери на холивудските ѕвезди, а Ерик е тренер кој Скарлет Џохансон ја има доведено до Black Widow формата за филмовите Avengers.

Според нив, темното чоколадо е совршено јадење за пред вежбање. Зошто е тоа така?

На прво место е психолошкиот момент. Според Рајан, се креира „позитивна повратна врска“ бидејќи чоколадото го зголемува нивото на ендрофин – хормонот кој нè ослободува од стрес и болка и предизвикува чувство на еуфорија во мозокот – исто како што тоа го прави и вежбањето. Со јадењето на неколку парчиња чоколадо пред вежбање, тој вкус и чувството на среќа почнува да се асоцира со одењето во теретана, а откако ќе стигнете таму ендорфините создадени од вежбањето само ќе ја зацврснат оваа асоцијација.

Темното чоколадо има совршен баланс: доволно е хранливо за да ве засити, но е лесно за варење, притоа давајќи доволно енергија за да го издржите тренингот.

Темното чоколадо содржи и кофеин – 28 грама темно чоколадо со 45% до 59% какао содржи околу 12 милиграми кофеин, а оние со 80% какао уште повеќе. Кофеинот од природните извори во споредба со оној од суплементи или енергетски пијалаци е многу подобар за севкупното здравје, а покрај тоа темното чоколадо содржи и теобромин, стимулант кој исто така ги шири крвните садови и го намалува крвниот притисок.

Според Рајан, пред вежбање се препорачува темно чоколадо со околу 80% какао или повеќе, 25 до 50 грама во зависност од интензитетот и должината на планираниот тренинг, кое може да се изеде 20 до 30 минути пред тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби