Што се препорачува за спречување на подуеноста на стомакот?

Според гастроентеролозите, постојат многу различни причини кои предизвикуваат подуеност на стомакот. Еве како може да ја спречите подуеноста:

1) Избегнувајте обилна и „тешка“ храна



Наместо обилна и тешка (на пр. премногу масна) храна одеднаш, јадете неколку помали оброци на регуларни интервали. На пример 6 помали во тек на целиот ден или 3 средни во комбинација со една ужинка.

2) Постепено зголемувајте го внесот на растителни влакна

Запекот може да е уште една причина за подуеноста, а лек за тоа е внес на што повеќе растителни влакна преку храната. Меѓутоа, тоа треба да се прави постепено (значи не одеднаш и во големи количини) бидејќи во спротивно може да предизвика разни дигестивни проблеми.

3) Избегнувајте газирани пијалаци



Разните газирани пијалаци, па дури и минералната вода допринесуваат за подуеност на стомакот, па така се препорачува нивно избегнување и пиење на вода (во која може да се додадат парчиња овошје како што е грејпфрутот).

4) Не пијте вода со јадењето

Избегнувањето на пиење вода со јадењето може да ја спречи подуеноста, бидејќи кога водата се голта брзо, се голта и воздух кој истата ја предизвикува.

5) Ограничете го внесот на храна која предизвикува гасови



Гравот, брокулата, карфиолот, кромидот, лукот, сувото овошје и слично, кај повеќето предизвикуваат гасови, па доколку имате проблем со подуеност ваквата храна би требало да ја избегнувате или да ја јадете во помали количини.

6) Вежбајте

Движењето може да го спречи запекот и да ја олесни подуеноста, додека пак потењето го редуцира задржувањето на водата во ткивата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби