Што му се случува на телото по HIIT тренинг?

HIIT (интервален тренинг со висок интензитет) вклучува кратки и интензивни периоди на движење по кои следува активен период на одмор.

Кога се изведува правилно, HIIT може да согори повеќе масти и калории за пократок временски период отколку било која друга кардио вежба.

1) Мозокот испушта хемикалии кои  прават да се чувствувате убаво



Кога вежбаме, телото ослободува ендорфини, а една студија од 2017-та покажала дека 60 минути HIIT ослободува многу повеќе ендорфини отколку 60 минутна тренинг сесија со среден интензитет.

2) Капацитетот на мозокот за учење и помнење се зголемува

Хипокампусот е област на мозокот одговорна за меморијата и учењето, а во студија од 2015-та било откриено дека постарите жени кои правеле аеробни вежби двапати неделно во период од 6 месеци, имале зголемен хипокампус.

3) Се подобрува циркулацијата

Ширењето и контракцијата на мускулите која се случува за време на вежбањето ја подобрува циркулацијата, овозможувајќи и на крвта богата со хранливи материи да стигне во секој дел од телото.

4) Се зголемува температура на телото



При правење на HIIT вежби, целата таа енергија создава топлина внатре во телото, што како резултат ја зголемува температурата. Тогаш, крвните садови кои се поблиску до површината се шират, овозможувајќи подобар проток на крвта, што ја дава црвеникавата боја на кожата, а предизвикува и потење.

5) Се кинат мускулните влакна

За време на HIIT вежбањето се креираат мали оштетувања на мускулните влакна, кои кога заздравуваат истовремено и зацврстуваат. Колку поинтензивни се вежбите, толку повеќе мускулни влакна се кинат, но и толку повеќе истите се прилагодуваат кон интензитетот – поради што е потребно тој да се зголемува за да има подобри резултати.

6) Телото користи повеќе кислород

При џогирање или вежбање аеробик или јога, белите дробови лесно можат да се справат со потребата на телото за кислород. За време на вежби со висок интензитет, резервите на кислород се трошат многу побргу, а кога на телото му снемува кислород тоа мора силно да се труди да ја обнови залихата. Ова резултира со повеќе согорени калории во периодот откако ќе се заврши со тренингот.

Една студија покажала дека кога субјектите возеле статичен велосипед со висок интензитет 45 минути, согорувале во просек 420 калории за време на еден тренинг. Во наредните 14 часа, тие согорувале дополнителни 190 калории , што значи дека ефектот од тренингот го зголемил согорувањето за 37%.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби