Што треба да знаете за психопатите?

Повеќето од нас сметаат дека знаат што е психопат: некој кој што нема чувства и кој најверојатно мачел животни кога бил дете. Сепак, постојат некои работи кои најверојатно не сте ги знаеле за психопатите.

1) Секој од нас е по малку психопат



Психопатијата е спектар и сите ние сме некаде на него. Ако некогаш во животот не сте почувствувале грижа на совест или емпатија кон некого или пак сте шармирале некого само за да добиете нешто што сакате, тоа значи дека сте покажале некоја психопатска карактеристика. Таква карактеристика е и преземањето на огромни ризици со непознат краен резултат или чувството на бестрашност во одредени ситуации.

2) Сите психопати не се „психо“ убијци.

Во популарната култура психопатите се прикажани како стереотипни ликови од типот на Ханибал Лектор („Кога јагнињата ќе стивнат“) и Патрик Бејтман („Американски психо“). Иако е точен податокот дека повеќето сериски убијци се психопати, поголемиот дел од психопатите не се сериски убијци. Психопатите сочинуваат 1% од светската популација и можат да бидат продуктивни членови на општеството.

Недостатокот на емоции како анксиозност или страв им помага да останат мирни во застрашувачки ситуации, што е корисна карактеристика доколку се работи за војник, хирург и сл.

Психопатите можат да бидат и исклучително шармантни, да имаат способност самоуверено да превземаат ризици, да се безмилосни, ориентирани кон постигнување на одредена цел и да носат храбри одлуки – што го прави соодветни за опкружувања како Вол Стрит или политиката.

3) Претпочитаат густи населени места



Психопатите почесто можат да се најдат во поголеми градови отколку во рурални средини, бидејќи тие им нудат подобри можности да пронајдат луѓе за манипулирање, како и поголема анонимност, а со тоа и намален ризик да бидат детектирани.

4) Женските психопати се различни од машките

Женските психопати се повеќе склони кон анксиозност, емоционални проблеми и промискуитет, во споредба со машките.

Некои психолози велат дека женската психопатија некогаш се дијагностицира погрешно како borderline personality disorder (BPD), т.е погранично нарушување на личноста, што се карактеризира со лошо регулирани емоции, импулсивни реакции и изливи на бес.

Најновите истражувања покажуваат дека женските психопати преферираат да излегуваат со не-психопатски мажи кога се работи за кратки романтични врски, но за долги врски тие бираат и најдобро се сложуваат со други психопати.

5) Психопатите имаат чувства

Иако психопатите најчесто немаат емоции како анксиозност, страв или жал, тие можат да чувствуваат други емоции како среќа, радост, изненадување и гадење.

Тие можат да се чувствуваат среќни и мотивирани доколку „наградата“ за тоа е доволно голема. Тие исто така лесно можат да се разлутат (особено како реакција на провокација) или да се фрустрираат кога не ја оствариле целта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби