Причините за анорексија можеби не се само психолошки

Анорексијата има една од највисоките стапки на морталитет од сите психијатриски нарушувања, а научниците сè уште не знаат што точно ја предизвикува.

Сега, во нова студија биле испитани геноми на десетици илјади луѓе и биле идентификувани 8 локации на хромозоми кои можеби ја зголемуваат ранливоста на организмот за оваа болест.



Некои од овие локации се поврзани со метаболични проблеми, сугерирајќи дека причините за анорексијата можеби не се само психолошки.

Anorexia nervosa е нарушување во исхраната поврзано со екстремно мал индекс на телесна маса (BMI), обично придружено со аверзија кон јадење и изобличена слика за телото. Ова нарушување влијае на 1 до 4% од жените и 0.3% од мажите, а претходни студии кај близнаци покажале дека има 50 до 60 проценти наследност. Една од најлошите карактеристики на болеста е што многу пациенти успеваат да ја повратат нормалната тежина на телото, но имаат потешкотии да ја задржат и повторно слабеат.

Овој тренд е скоро сосема спротивен од оној на прекумерната тежина, каде пациентите лесно можат да изгубат тежина, но често повторно ја враќаат.



Во студија од 2017-та биле анализирани геноми на околу 3500 луѓе со анорексија каде била идентификувана една хромозомска локација поврзана со нарушувањето, а во новата студија биле анализирани податоци од скоро 17 000 луѓе со анорексија и повеќе од 55 000 здрави (контролна група). Субјектите биле од 17 земји и сите имале европско потекло.

Овој пат биле идентификувани 8 генетски локации поврзани со нарушувањето, иако се смета дека најверојатно ги има стотици. Некои од овие 8 биле поврзани со психијатриски болести, а некои со метаболични карактеристики.

Моментално, не постојат лекови за ефективно третирање на болеста, но благодарение на оваа студија генетските резултати би можеле да се употребат за креирање на нови третмани.

Во развивањето на анорексијата влијае и околината, но таквите влијание се тешки за мерење. Тимот научници сега планира да го зголеми бројот на примероци во студијата и да вклучи повеќе луѓе со африканско или азиско потекло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби