Хемикалии кои не се ни приближно опасни колку што многумина мислат

Голем број на хемикалии се погрешно поврзани со сериозни здравствени ефекти и тоа преку разни шпекулации (од пред многу години наназад) а не преку научни докази. Како и со секоја хемикалија, токсичноста на една супстанца зависи од дозата и колку често некоја личност на неа е експонирана.

Следниве хемикалии се сметаат за „токсични“ или “небезбедни“, а всушност не претставуваат никаква сериозна опасност за човечкото здравје.

1) Аспартам (вештачки засладувач)



За аспартамот некогаш се сметало дека предизвикува канцер, но научните докази сугерираат дека не претставува ризик за здравјето.

Голем дел од загриженоста на јавноста поврзана со овој засладувач се базира врз студии правени врз глувци, кои го поврзале со канцери на крвта како леукемијата и лимфомите. И европската (EFSA) и американската (FDA) администрација за безбедност на храна и лекови ги дискредитирале овие откритија, тврдејќи дека аспартамот е безбеден за консумирање.Вистинскиот проблем со аспартамот е во тоа што го има во разните (диетални) газирани пијалаци, кои самите по себе не се воопшто здрави.

2) Сахарин

И за сахаринот се велело дека предизвикува канцер, што се покажало дека е неточно.

Во студија врз глувци направена во 1980-тите се тврдело дека постои поврзаност помеѓу сахаринот (засладувач) и канцерите, а продуктите кои го содржеле морале да имаат налепница дека „предизвикува канцер кај лабораториски животни“

Таа студија била подоцна поништена, откога научниците докажале дека глувците и онака биле подложни на рак на мочниот меур. Дузина други студии исто така не откриле никаква поврзаност помеѓу сахаринот и канцерите. Во 2016-та овој засладувач бил отстранет од листата на состојки кои предизвикуваат канцер.

3) Алуминиум во дезодоранси

Алуминиумот во дезодорансите нема да предизвика создавање на рак на дојка.

Во доцните 1990-ти, вирална меил порака сугерирала дека алуминиумот предизвикува рак на дојка, а како потврда на тоа било некое прелиминарно испитување, за кое подоцна се докажало дека е лажно.

Доказите сугерираат дека нашите тела апсорбираат толку мала количина алуминиум од дезодорансите е недоволна за воопшто да штети на организмот.

4) Парабени во шминката



Во 2004-та, мала студија ги поврзала парабените – конзервансите во шминката и продукти за нега на кожа – со рак на дојка, но методологијата со која се дошло до тој заклучок била неправилна. Студијата барала докази дека во постоечко ткиво на рак на дојка имало парабени, но не идентификувало од каде тие доаѓале и дали тие допринеле за негов развој.

Постојат тврдења и дека парабените можат да го нарушат хормонскиот систем на сличен начин како што тоа го прави естрогенот, но вообичаените парабени кои се користат во козметиката се значително послаби од природниот естроген во телото, така да тоа не би било можно.

Не се пронајдени никакви цврсти докази дека парабените во козметиката имаат било каков ефект врз здравјето на човекот, а тие всушност можат да спречат формирање на штетни бактерии во шминката, лосионите или кремите за сончање.

5) Сулфати во шампоните

Во 1990-тите, се сметало дека сулфатите (чии состојки полесно ги „заробуваат“ маснотиите) се карциногени – теорија која не е подржана со научни докази.

Единствените луѓе кои треба да ги избегнуваат сулфатите се оние кои веќе имаат чувствителност на нив, т.е продуктите со сулфати им ја сушат или иритираат кожата.

6) MSG нема да ви предизвика главоболки

Во 1968, биомедицински истражувач тврдел дека чувствувал трнење во екстремитетите и палпитации на срцето откога јадел во кинески ресторани. Тој тврдел дека причината за овие симптоми е MSG (monosodium glutamate), кој го има и во процесираното месо, чипсовите и зеленчуците во конзерва.

Во 1990-тите, FDA утврдиле дека адитивите во MSG се безбедни за консумирање и дека состојбите како главоболка, трнење или омалаксаност најверојатно се предизвикани од внес на големи количини MSG на празен стомак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби