Како влијае цинкот врз нашето здравје?

Цинкот е минерал кој на телото му е потребен во мали количини за да функционира правилно. Toj помага при лекување на раните, го подобрува функционирањето на имунолошкиот систем, а суплементите со цинк може да помогнат во намалување на траењето на настинката доколку се земат во првите 24 часа по првите знаци дека сре болни.



Цинкот му помага на телото за креирање на протеин и ДНК и е клучен за време на бременоста и детството бидејќи го подржува правилното растење и развивање во сите овие фази на животот.

Бидејќи тој не може да се складира во телото, потребно е да се внесува преку храна или суплементи, а дневните дози варираат од 2-5мг за деца од 0 до 8 годишна возраст и од 9-13 за тинејџери и возрасни личности.

Недостаток на цинк се јавува кога не внесуваме доволно од минералот во телото или кога телото не го апсорбира добро, па тој се губи низ гастроинтестиналниот систем. Знаците на недостаток од цинк вклучуваат нарушен раст, одложен пубертет, еректилна дисфункција, дијареа, губење на коса, подуен јазик, губење на боја на ноктите, како и намален имунитет.

Подложни на недостаток од цинк се луѓето со гастроинтестинални болести (како Хроновата или улцеративен колит), вегетаријанците (бидејќи месото е најбогатo со цинк), бремените жени (бидејќи бебето кое расте побарува дополнителен цинк), како и алкохоличарите (бидејќи имаат намалена способност за негово апсорбирање).

Храна богата со цинк се црвеното месо, месото од мисирка, кокошка и јагне, морската храна, гравот, како и збогатените житарици за појадок.



Внесување на премногу цинк во организмот, пак, може да резултира со несакани последици како повраќање, грчење и дијареа, кои се појавуваат во првите 10 часа по земањето на суплементот, а ги снемува штом се престање со негово пиење. Ингестирање на големи дози на цинк подолг временски период може да предизвика недостаток од бакар, што пак може да доведе до откажување на бубрезите или срцето, оштетување на црниот дроб, болести на мозокот, па дури и смрт.

Максималната доза исто така варира од староста – 4 до 7мг. за возраст од 0-3 години, 12мг. за 4-8 годишна возраст, 12-34мг. за 8-18 годишна возраст, и 40мг. над 19 години.

Исто така, треба да се внимава на внесот на цинк доколку се пијат одредени лекови како специфични антибиотици или диуретици, бидејќи тој може да влијае на нивното дејство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби