Симптоми од недостаток на витамин Д

Добивањето на доволно витамин Д не е секогаш лесно, особено во зимските месеци. И покрај тоа што постојат начини преку исхраната и суплементите да се зголеми неговиот внес, тоа не секогаш е доволно поради недостатокот на изложеност на сончева светлина.

Еве некои знаци дека телото има недостаток од витамин Д:

1) Депресија



Личноста со недостаток на витамин Д има поголеми шанси од депресија бидејќи витамин Д рецепторите помагаат во регулирање на расположението.

2) Болка и воспаление на зглобовите

Ниското ниво на витамин Д во крвта може да предизвика болка и воспаление на зглобовите, па така доколку не постои некоја друга причина за овие симптоми, испитајте го нивото на витаминот.

3) Потешкотии со спиењето

Студија од 2018 врз скоро 10 000 субјекти покажала дека недостатокот на витамин Д е поврзан со зголемен ризик од нарушувања на спиењето.

4) Засилено потење

Под многу околности – интензивна физичка активност, топло време и сл. – потењето е сосема природен процес. Меѓутоа, кога тоа се појавува во помалку екстремни ситуации, тоа може да е индикација за проблем. При активности со нормален интензитет, нормална телесна температура и нормална температура на опкружувањето, засиленото потење може да е знак на недостаток од витамин Д.

5) Често разболување



Истражувачите имаат откриено дека витаминот Д има директна поврзаност со начинот на кој имунолошкиот систем реагира на разни инфекции и вируси и дека неадекватното ниво на овој витамин е поврзано со зголемен ризик од канцер, автоимуни болести, хипертензија и инфективни болести.

6) Пневмонија

Оние со недостаток на витамин Д имаат 2.5 пати поголеми шанси да добијат пневмонија, поради ослабениот имунолошки систем.

7) Опаѓање на косата

Иако природното опаѓање на косата е вообичаено при стареењето, особено за мажите, доколку тоа почне порано да се случува кај жените, една од причините може да е недостатокот од витаминот Д.

8) Егзема

Атопичниот дерматит – вообичен вид на егзема кој предизвикува црвенило и чешање на кожата -може да има поизразени симптоми кај оние со недостаток на витамин Д.

9) Рани кои бавно заздравуваат

Истражувањата покажале дека бавното заздравување на рани е поврзано со ниското ниво на витаминот Д во организмот, а студија од 2011 докажала дека тоа ниво е критично за заздравувањето по операција.

10) Еректилна дисфункција (ЕД)

Постојат многу фактори кои предизвикуваат ЕД – алкохол, пушење, висок крвен притисок, дијабетес и друго - но и витаминот Д, т.е неговиот недостаток, може да е причина за тоа. Истражувања покажале дека мажите со недостаток од витамин Д имале 32% поголеми шанси за ЕД, во споредба со оние чие ниво на витаминот било нормално.

11) Засилени ПМС симптоми

Засилените ПМС симптоми како нагли промени на расположението, глад, и чувствителност на градите може да се резултат од недостаток на витамин Д. Претходни истражувања покажале дека оние кои го зголемиле внесот на овој витамин имале 40% помал ризик од развивање на овие симптоми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби