Здраво слабеење: Колкава тежина треба да намалите за 1 месец?

Повеќето експерти се сложуваат дека при слабеењето, безбедната тежина која треба да се намали во текот на една недела изнесува максимум помеѓу половина и еден килограм.

Сепак, која тежина е здрава и реална да се намали за еден месец?



Кога прв пат се започнува со режим на исхрана наменет за слабеење, најчесто се слабее повеќе од препорачаните 0,5 – 1кг. неделно, но таа тежина скоро никогаш не се истопени масти, туку се работи за ослободување од вишокот вода во организмот.

Причината за тоа е намалувањето на внесот на натриум и исфрлање на процесираната храна од исхраната која содржи и додадени шеќери.

Некои од пациентите на нутриционистичктие експерти губат и до 2-5кг. во првата недела од диетата со намален внес на јаглехидрати и калории, а тој процес подоцна се забавува.

Резултатите секогаш се подобруваат доколку на новиот режим на (здрава) исхрана се додаде и вежбањето, кое го забрзува слабеењето.

Експертите напоменуваат дека секој пат кон посакуваното намалување на тежината е исполнето со платоа и тоа е сосема нормално.

Тие препорачуваат и фокусирање на „победите“ кои не се поврзани со помал број на вагата, како што е повторно „влегување“ во облека која ни била претесна (постигнато со намалување на обемот), кревање на поголема тежина во теретана и сл., со цел да се одржи мотивацијата за време на едно вакво плато, т.е стагнирање во процесот на слабеењето.

Стагнацијата се случува најчесто кога на телото му е потребна некаква промена. Како што тоа се навикнува на помал внес на храна, метаболизмот се прилагодува за да функционира поефикасно – што значи дека телото ќе врши одредени функции со помалку трошење на енергија, согорувајќи помалку калории отколку претходно.

За тоа да се промени, потребно е да се додаде некоја активност на која телото не е навикнато (нова вежба или менување на интензитетот или тежината на постоечкото тренинг, и сл.), а не и дополнително да се ограничи внесот на калории, бидејќи тоа може да има спротивен ефект – телото да навлезе во фаза на гладување и сè што ќе се внесе во него да го складира во масти.

Во поглед на тоа колку килограми е пожелно да се изгубат месечно, не постои финална, „магична“ бројка, бидејќи таа зависи од личност до личност. Исто така, доколку истовремено и се вежба, таа бројка може и да не се менува и покрај тоа што мастите се топат, бидејќи мускулното ткиво е потешко од мастите.

Она што е важно е процесот да не се форсира и да е во рамките на препорачаното, а слабеењето да е одржливо подолг временски период, со цел да се избегне т.н јо-јо ефект кој се јавува кога слабеењето е пребрзо и кога изгубените килограми повторно се враќаат, плус со дополнителна тежина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби