Како вишокот масти во стомакот може да го промени мозокот

Постојат бројни истражувања кои ги потврдуваат здравствените опасности од мастите во стомакот, кога станува збор за болестите на коронарната артерија, како и кардиоваскуларни проблеми, а истражувачите веруваат дека тоа можеби е поврзано со процесирањето на шеќерот во крвта и инфламацијата.



Но, од овие промени во абдоминалниот регион не се зафатени само срцето и артериите, туку и мозокот.

Анализирајќи податоци од скоро 10 000 луѓе со просечна старост 55 години, истражувачите направиле компилација од нивните физички мерки, здравствени анкети и MRI резултати и откриле дека оние кои имале преголем индекс на телесна маса (BMI – body mass index) и најголем размер помеѓу ширината на половината и колковите, имале најмал волумен на сива маса во мозокот.

Оние, пак, со високо BMI, но нормален размер помеѓу ширината на половината и колковите имале повеќе мозочна маса, но не толкава како оние и со нормално BMI и нормален размер - што значи дека оние со повеќе масти во стомакот имаат најмалку сива мозочна маса

Зошто мастите во стомакот се поопасни во споредба со, на пример, оние околу бедрата? Причината за тоа е што стомачната маст функционира различно од онаа на други локации во телото.

Абдоминалната маст продуцира цитокини – малечки протеини кои се вклучени во клеточното сигнализирање и имунолошките реакции – кои кога ги има во преголем број можат да ја зголемат инфламацијата (воспаленијата)

Оваа инфламаторна реакција има штетен ефект на невротрансмитерите како серотонин, допамин и глутамат, како и на инсулин, глукагон, и Ц-реактивен протеин. Сето ова ја менува мозочната функција и може да влијае на расположението, сигналите за глад, реакциите на стрес и др.

Неодамнешна студија покажала и дека инфламацијата во телото може да ја намали мозочната маса и да влијае на начинот на кој мозокот функционира.

Поради тоа, редуцирањето на масните наслаги во стомакот здравствените експерти го сметаат за „број 1 приоритет“. Тоа првенствено може да се постигне со здрава исхрана (богата со здрави масти, помалку шеќер, многу протеин и овошја и зеленчуци) и вежбање, умерено пиење на алкохол, контрола на крвниот притисок и прекинување со пушење.

Уште една значајна компонента која влијае на таложење на масти во стомакот е нивото на стрес, а причината за тоа е што тензијата и стресот предизвикуваат телото да ја зема глукозата за да ја користи да се справи со стресот, во кој случај се ослободува инсулин кој се складира во абдоминалните масти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби