7 најлоши „лекови“ против мамурлак

Мамурлакот се појавува утрото по пиењето алкохол, кога телото е екстремно дехидрирано, а се карактеризира со непријатни симптоми како повраќање, замор, слабост, голема жед, сува уста, главоболки, болки во мускулите, зголемена чувствителност на светлина и звук, лошо расположение, недостаток на концентрација и сл.



За среќа, овие симптоми исчезнуваат сами од себе. Сепак, со цел побрзо да се справат со мамурлакот многумина посегнуваат по „лекови“, кои во суштина прават повеќе штета, отколку корист.

Еве ги најлошите „лекови“ против мамурлак кои често се употребуваат:

1) Пиење лекови кои содржат ацетаминофен

Ацетаминофенот и алкохолот не се воопшто добра комбинација, бидејќи постои зголемен ризик од оштетување на црниот дроб, а покрај тоа се забавува и метаболитичкиот процес на разградување на алкохолот, со што се пролонгира мамурлакот.

2) Пиење кафе и енергетски пијалоци



Избегнувајте ги сите пијалоци со голема доза на кофеин, бидејќи тој ги влошува симптомите поврзани со мамурлакот (со дополнително дехидрирање на организмот), па дури и ги зголемува симптомите на анксиозноста, депресијата и пореметувања на расположението.

3) Прескокнување на појадокот или никаков внес на храна тој ден

Појадокот богат со здрави масти и протеини помага во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, додека неговото прескокнување може да ве направи да се чувствувате болни подолг временски период, поради фактот што храната и нутритиентите го апсорбираат алкохолот.

4) Продолжување со пиењето алкохол

Уште еден мит е дека „клинот со клин се избива“, односно со пиење на уште алкохол се „лечи“ мамурлакот. На тој начин можете единствено само да го збуните телото и да се зголеми количината на формалдехид – високо токсична супстанца добиена при конвертирање на метанолот, кој го има во темниот алкохол – со што само се продолжува траењето на мамурлакот и се оштетува црниот дроб.

5) Вежбање



Многумина сметаат дека со вежбањето ќе ги „испотат токсините од алкохолот“, што е погрешно. Алкохолот е диуретик и предизвикува почесто уринирање, со што се намалува количината на течности во телото, а вежбањето може само да ја влоши дехидрацијата.

6) Пиење само вода

Бидејќи алкохолот е диуретик кој предизвикува често уринирање, се губи многу повеќе од водата – во тој процес се губат електролити, така да е исклучително важно истите да се надополнат со пијалоци кои ги содржат.

7) Целодневно лежење

Доколку сте во состојба, пијте вода, јадете нешто, станете и прошетајте на воздух – движењето ќе ја подобри циркулацијата на крвта и ќе му помогне на телото да согори дел од алкохолот кој влијае на нивото на шеќер во крвта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби