Идеални телесни вежби според возраста

Што и како да вежбате во дваесеттите, а како во педесеттите?

Секоја годишна доба е специфична сама по себе и во зависност од неа треба да ги прилагодувате вашите навики. Имено, покрај останатото, ова се однесува и на телесните вежби, кои треба да одговараат на вашата моментална состојба.



Иако вежбањето претставува еден од најважните елементи на здравиот начин на живот, сепак она што сте го вежбале во 20-тите, нема да ви одговара во вашите 50-ти. Но, како да знаете што ви одговара? Научниците носат препораки во врска со вежбањето според потребите на организмот во зависност од вашата возраст.

Енергични 20-ти

Телото во дваесеттите години е младо и лесно се опоравува, а со редовно вежбање и правилна исхрана можете да го одржувате во постојана идеална нормала.

За оваа животна доба се препорачуваат 30-минутен тренинг со кревање на тегови и 30 минутни кардио вежби, најмалку три пати неделно. Дополнително, се препорачуваат и 45 до 60 минутни чисти кардио вежби три пати неделно. Еден ден секогаш се остава за одмор.

Иако кардио вежбите се повеќе од одлични, сепак експертите им советуваат на луѓето кои се во нивните 20-ти години задолжително да практикуваат и тренинзи со кревање на тегови, што ќе претставува добра подлога за нивното идно здравје, односно за зајакнување на мускулите и коските. Таа возраст е најдоброто време за овој вид на вежби бидејќи во подоцнежните години работите нема повеќе да бидат така едноставни.

Накратко, дваесеттите се идеални години за чување на сопственото здравје и виткост. Не ги трошете залудно!

Слатки 30-ти



Во 30-тите луѓето почнуваат да забележуваат дека слабеењето повеќе не оди баш така лесно, а најголемата причина за тоа лежи во забавувањето на метаболизмот. Вежбањето во овие години не е повеќе само прашање на виткост и кондиција, туку служи и како превенција и одржување на здравјето.

Во триесеттите се препорачува едночасовно т.н. кружно тренирање, четири пати неделно. Кружните тренинзи опфаќаат низа серии од различни вежби со точно определени временски интервали за одмор. Може да бидат прилично напорни, особено за почетниците, но затоа даваат одлични резултати за краток временски период. Исто така, потребно е барем еден ден во неделата да посветите на кардио вежбите, и тоа со прилично силен интензитет, во траење од 45 до 60 минути. Секако, еден ден оставете за одмор.

Запомнете дека доколку сакате што подолго да ја задржите вашата младост и убавина, задолжитело вклучете ги телесните тренинзи во секојдневниот животен распоред.

Имено, истражувањата покажуваат дека оние кои редовно вежбаат остануваат млади и изгледот им се менува незначително, односно изгледаат многу слично на 31 и 39-годишна возраст, додека изгледот на оние кои не вежбаат значајно се менува, односно во раните 30-ти сеуште добро се држат, но кога се приближуваат кон 40-тите видливо стареат и пропаѓаат.

Стабилни 40-ти

Во текот на 40-те години во телото се случуваат бројни турбиленции. Имено, гравитацијата сè повеќе си го прави своето, хормоните дивеат, а метаболизмот станува сè побавен. За да не ви се таложат мастите на целото тело, вклучете го вежбањето како редовна активност во вашиот живот.

Во овие години се препорачува едночасовен тренинг со тегови, три пати неделно. Исто така, треба да се практикуваат и кардио вежби и тоа по 45 минути, секој ден. Тоа е повеќе отколку во 20-тите и 30-тите, но сега интензитетот е помал.

Мирни 50-ти

Во овие години многу е важно да не се запоставите. Ова важи особено за жените кои поминале низ менопауза, заради што телото веќе не им функционира како порано. Затоа, фокусирајте се повеќе на вежбањето. Телесните вежби ќе ве направат физички поздрави, но и духовно поисполнети.

Според препораките на експертите, во 50-тите добро е да имате четири до шест кардио тренинзи неделно, во траење од 20 до 40 минути. Мора да внимавате на интензитетот на вежбање, кој не смее да биде премногу силен. Се препорачува и 30-минутен тренинг со тегови, два пати неделно. Многу е важно да не заборавате да ги истегнувате мускулите после секое вежбање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби