|
|
|
Децата кои минуваат повеќе време вo природа имаат посилен имунитетДецата кои почесто си играат во природа и на зелени површини, имаат посилен имунитет, покажуваат нови истражувања.

Научниците веруваат дека тоа се случува затоа што на нивната кожа и во системот за варење се развиваат микроби различни од оние кај деца кои минуваат помалку време или воопшто не си играат на зелени површини, на пример во шума и слично. Така, во западниот свет, сѐ поголем е бројот на деца кои имаат автоимуни заболувања, како што се астма, дијабетес тип 1, воспаленија на цревата и мултиплекс склероза. Се претпоставува дека главната причина за ова е тоа што децата се сѐ помалку изложени на микроби, што порано не беше случај. Последицата е – недоволен развој на имунитетот.
– Кога ги видовме резултатите, бевме изненадени од тоа колку им е зајакнат имунитетот. Нашето истражување може да помогне во осмислување превентивни мерки за намалување на епидемија на имунолошки заболувања, смета д-р Аки Синконен од финскиот Институт за природни извори, кој ги предводеше истражувањата.
И претходни испитувања покажаа поврзаност меѓу изложеноста на микроби и развој на имунитетот. Истражувачите сега само потврдуваат дека е можно подобрување на имунолошкиот систем на децата ако се промени животната околина на децата од урбаните средини.
Д-р Грејм Рук од Колеџ универзитетот во Лондон смета дека ова и сличните истражувања се залог за иднината и имаат огромна важност за децата, нивниот имунитет и тоа како престојот во природа влијае врз сѐ ова.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Машките трошат 2000 калории за секс, 100 на секс а 1900 на фалење. |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На... |
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
1583.- Роден е холандскиот правник, писател и...
1585.- Умре папата со италијанско потекло Гргур...
1778.- Роден е англискиот писател Вилијам...
1813.- Умре францускиот математичар, механичар и...
|
|
|
 |
Хороскоп |
|
|
 |
|