Препознајте ги болестите преку ладните раце и нозе

Ладните прсти на рацете и нозете почесто се јавуваат кај жените и ова е сосема нормална појава до која доаѓа за време на процесот кој му помага на организмот да ја одржи температурата на виталните органи. Но, ако ова често ви се случува, може да биде симптом за некои други здравствени проблеми.

Анемија



Ако покрај ладните раце, чувствувате и некои други симптоми, како што се главоболка и замор, не би било лошо да го проверите нивото на железо во крвта. Железото е главна состојка на хемоглобинот, молекула која го пренесува кислородот во крвта и и дава црвена боја. Ова е често нарушување, а недостатокот од кислород може да доведе до ладни раце.

Дијабетес

Чувството на трпнење на ладните раце и стапала, може да биде првиот знак за дијабетес. Шеќерната болест остава последици на крвотокот, како и на нервниот систем, па често е попратена со вакви појави. Ако покрај ладните раце често чувствувате жед, многу јадете, а не се здебелувате или слабеете, мора да си го проверите нивото на шеќерот во крвта.

Нарушување на работата на тироидната жлезда

Хипотироидизам или забавена работа на штитната жлезда, доведува до намалување на метаболизмот, а чести знаци се ладните екстремитети. Заморот, летаргијата, поспаноста, забавениот говор и неподнесувањето на високи температури се јасни симптоми за ова нарушување.

Стрес



Стресот исто така може да биде причина за ладни раце и нозе. Стресот го зголемува адреналинот, хормонот кој се создава во надбубрежните жлезди и ги стега крвните садови. Со самото тоа, намалена е циркулацијата на екстремитетите.

Како против ладните екстремитети?

Ако покрај ладните раце и нозе почувствувате уште некои симптоми, обратете се кај вашиот лекар. Во спротивно, можете да пробате и сами да се изборите со намалената циркулација. Масажата секогаш е ефикасен лек, како и редовно носење на ракавици и чорапи во зимскиот период. Ако ви е полесно да заспиете, можете и преку лето да си облекувате чорапи.

Уште еден добар совет е рацете да ги спуштите надолу и да ги протресете. Благодарение на Земјината тежина, крвта ќе тече надолу и вие нема да чувствувате повеќе ладно. На подолги патеки, најдобар начин за подобрување на циркулацијата е правилната исхрана и физичката активност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби