Бебињата чии мајки консумираат кравјо млеко се помалку алергични на храна

Бебињата чии мајки консумираат кравјо млеко за време на доењето, се помалку алергични на храна, се посочува во истражување на Универзитетот во Гетеборг, Шведска.



Истражувачите испитале повеќе од 500 мајки од Шведска за нивните навики во исхраната во 34-та недела од бременоста, па еден месец по породувањето и повторно – четири месеци подоцна. Децата опфатени во истражувањето биле претежно алергични на јајца, млеко или/и на едното и на другото.

Мија Стравик, доцент на Универзитетот во Гетеборг, изјави дека новороденчињата на мајките кои консумирале повеќе кравјо млеко при доењето, се поздрави од оние чија мајка не пиела млеко.

– Една од теориите е дека мајчиното млеко во тој случај содржи супстанции кои го стимулираат имуниот систем на детето. Друго мислење е дека поголемиот внос на заситени масти во млекото природно може да доведе до потрошувачка на помалку полинезаситени масти, вели таа.



Питер Лио, доцент по дерматологија и педијатрија при Медицинскиот факултет на американскиот Северозападен Универзитет, смета дека ова е првиот чекор во дефинирање на потенцијална врска меѓу мајчината исхрана и ризикот од алергија.

Д-р Стравик посочува дека иако постои поврзаност, не може да се каже дека кравјото млеко што мајката го консумира е лек за алергиите кај децата.

На крајот и д-р Лио ги предупредува мајките дека сè уште не е потврдено дека само консумирањето млеко го намалува ризикот од алергии. Тој исто така нагласува дека истражувањата во иднина мора да биде пообемно и дека податоците тогаш ќе бидат попрецизни и порелевантни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си одат тројца будали по железничка пруга и едниот вели:
-колку долги се овие степеници, бреее, крај немаат
Вториот вели:
-абе остај што се долги, па и оградава ја ставиле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1570.- Папата Пие Петти иако од црквата ја...
1707.- Роден е италијанскиот писател Карло...
1723.- Умре англискиот архитект Кристофер Рен,...
1778.- Роден е аргентинскиот генерал и...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби