Мачките ја намалуваат вознемиреноста кај деца со аутизам

Познато е дека домашните миленици придонесуваат за подобро расположение на нивните сопственици. Ново истражување на Истражувачкиот центар за интеракција меѓу луѓето и животните при Колеџот за ветеринарна медицина во Мисури (САД), посочува дека вдомувањето и одгледувањето мачки може да ја намали анксиозноста и да ја подобри емпатијата кај децата со нарушување од аутистичниот спектар на болести АСД.



Трудот објавен во американскиот „Журнал“ за педијатриска нега посочува дека децата со аутизам доживеале значително зголемување на социјалните вештини по спријателувањето со мачки. Тоа значи – опаѓање на проблематичното однесување, како што се агресивност, хиперактивност и невнимание, односно помала вознемиреност.

Д-р Гречен Карлајл, научник од Истражувачкиот центар, ги анализирала податоците на над 700 семејства кои поседувале мачка како домашно милениче. Таа открила дека, и покрај одговорноста за миленичето, и децата со аутизам и нивните родители пројавиле позитивни резултати и промени во однесувањето.

– Некои од најголемите предизвици со кои се соочуваат децата со аутизам вклучуваат вознемиреност и тешкотии во комуникацијата. А, миленичињата можат да помогнат во зголемувањето на социјалната интеракција и да ја намалат анксиозноста, па така – тие не се само корисни во обезбедувањето спокој и поддршка на децата со аутизам, туку и за нивните родители, објаснува д-р Карлајл.

Истражувачите се надеваат дека резултатите од ова истражување ќе поттикнат поголем број семејства да размислат за вдомување мачки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби