Совети за психичката состојба при бременоста

Советите за бременост обично се сосредоточуваат на физичките нешта како земање витамини, квалитетна храна, вежбање и слично. Но, за жената е подеднакво важно и психички да се подготви за тоа и за сѐ што следува потоа.



Едно истражување посочува дека психичката состојба при бременоста може да влијае врз породувањето, како и врз состојбата во постпородилниот период. Следат неколку совети за тоа.

Запознајте се со факторите на ризик

Жените кои имаат поголема веројатност да доживеат постпородилна депресија се оние коишто веќе се бореле со неа, имаат семејна историја на болести, брачни проблеми, тековни тешкотии во бременоста или несоодветна поддршка. Бремените жени кои добиваат психолошка помош имаат многу помала веројатност да доживеат депресија. Оваа помош вклучува интерперсонална терапија, домашни посети по породувањето и телефонска поддршка.

Симптоми на постпородилна депресија се: слаба концентрација, чувство на отсутност, самоубиствени нагони, вознемиреност, постојано плачење и слично.

Социјализирајте се

Ако имате сопруг или партнер кој ќе биде дел од Вашиот и животот на вашето дете, вложете време и напор за да бидете сигурни дека вашата врска е стабилна. Секогаш зборувајте за вашите проблеми и побарајте помош кога ви треба тоа.

Бременоста може да биде предизвик, особено ако се борите со утринска мачнина и слични тешкотии. Покрај партнерот, потпрете се и на семејството и пријателите кои се во можност да Ви помогнат. Вашето искуство можете да го споделите со други жени кои минуваат низ истото. Курсевите за бременост и часовите за родители може да бидат одличен начин за информираност за оваа животна пресвртница. Самокритиката на минимум, каснете чоколадо и одвојувајте време за себеси секој ден.

Подгответе ги децата за доаѓањето на новороденчето

Кажете им на повозрасните деца дека тие се исто така важен дел од Вашата бременост и дозволете им да Ви помогнат околу сѐ тоа. Тие можат да бираат играчки, облека, да ја украсат собата, па и да предложат име за новиот член на семејството.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Зошто плавуша носи наочари на
стомак?
-Има слепо црево.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Во Тауер Грин е погубен Томас Мор,...
1885.- Францускиот научник Луј Пастер за првпат...
1893.- Умре Ги де Мопасан, француски писател,...
1971.- Во Њујорк умре Луј Амстронг, познат под...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби