Брчките на челото можеби се предзнак за проблеми со срцето

Истражување спроведено од научници од Универзитетскиот медицински центар во Тулуз, Франција, укажува дека видливите брчки на горните делови од лицето може да бидат предупредување за можни проблеми со срцето и крвните садови.



– Не можете да ги видите или почувствувате факторите на опасност, како што се висок холестерол во крвта или високиот крвен притисок. Ги проучувавме брчките на челото, бидејќи се прилично едноставни и доста забележливи, вели авторката на трудот, Јоланда Ескирол.

Докторката посочи дека збрчканото чело може да има врска со намалувањето на еластичноста на артериите поради наслагите во нив.

Бидејќи крвните садови на челото се мали, тие се почувствителни на собирање, што значи дека тоа може да биде ран знак за предвремено стареење. Испитувањата траеле 20 години, и опфатиле 3.200 здрави возрасни лица од 32, 42, 52 и 62 години кога почнало следењето.

Притоа, секој учесник е оценет во зависност од длабочината на брчките на челото. Оценките се движеле од нула до три поена. Оние кои добиле еден поен имале поголем ризик да починат од срцеви болести отколку оние кои добиле нула поени, а оние со два или три поени имале 10 пати поголема можност за таков несакан исход.

Д-р Есквирол додава дека промената на животните навики е во исхраната, диетата и физичките активности. А, бидејќи ова е првпат болестите на срцето и крвните садови да се поврзат со брчките, потребни се дополнителни истражувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Полицаец на работа на стадион, за време на утакмица се туфка ли туфка, па на крај изнервиран станува и вика:
- Па добро бе мајку му стара, не може ли да ќутите и да...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1791.- Роден е Мајкл Фарадеј, англиски физичар и...
1792.- Во екот на војната со контрареволуцијата...
1862.- Американскиот претседател Абрахам Линколн...
1933.- Во Париз почна Светскиот младински...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби