Истражување: Овошјето и зеленчукот корисни за мозокот кај тинејџерите

Ново научно истражување спроведено во Велика Британија покажува дека исхраната богата со свежо овошје и зеленчук може да биде корисна за менталниот развој, особено кај тинејџерите.



Трудот објавен во списанието „BMG“ покажува дека поголемиот внос на овошје и зеленчук е во голема мера поврзан со подобро психичко здравје кај средношколците. Натаму, испитувањата покажуваат дека хранливиот појадок и ручекот се поврзани со емоционалната благосостојба, без оглед на возраста.

Истражувачите, инаку, направиле анкети во над 50 училишта во Велика Британија. Речиси 11.000 ученици учествувале во анкетата, па податоците покажаа дека просечната оценка за здравјето е 46,6 од 70 за средношколците и 46 од 60 за учениците од основните училишта.

Точно 25 отсто од средношколците и 28,5 отсто од основците пријавиле дека ги јаделе препорачаните пет порции овошје и зеленчук дневно. Десет и девет отсто, соодветно, не јаделе овошје и зеленчук. Околу 21 отсто од средношколците и 12 отсто од основците внесувале само неенергетски пијалок или ништо за појадок, додека околу 11 отсто го прескокнувале ручекот.

Истражувањето покажа дека колку повеќе порции овошје и зеленчук дневно јадат учениците, толку е подобар нивниот резултат на скалата за ментално здравје.

-На фундаментално ниво, потребна е соодветна исхрана за да се обезбедат состојките за развој и функција на телото и кај децата и кај возрасните, вклучувајќи го растот и обновувањето на клетките, синтезата на ДНК-та, невротрансмитерите и метаболизмот на хормоните, што е особено критично за децата во однос на развојот на мозокот, се вели во трудот.

Истражувачите сметаат дека ова нивно истражување може да ги поттикне одговорните да усвојат политики што ќе им помогнат на децата да добијат поголем пристап до хранлива и свежа храна во и вон училиштето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби