Недостатокот од витамин Д најголема причина за губењето коса во зима

Од генетската предиспозиција до фактори како што се стресот, хормоналната нерамнотежа и недостатокот од витамини – сѐ тоа може да предизвика губење на косата. Витамините се клучни за одржување на здравјето на телото, па ниту косата не е исклучок.



Витаминот Д е особено важен за здрав раст на косата, бидејќи секој фоликул содржи рецептор за витамин Д. Недостигот од овој витамин е една од најчестите причини за опаѓање на косата кај мажите и жените, особено во зима, кога луѓето се помалку изложени на сонце. Стручњаците сметаат дека добрата исхрана и промените во начинот на живот можат да помогнат во решавање на проблемот со опаѓањето на косата предизвикано од недоволно витамин Д. Тие веруваат дека само 30 минути пладневна сончева светлина дневно е корисна за посилен имунитет, зајакнати коски и здрава коса.

– Витаминот Д е важен бидејќи се метаболизира во кожата со кератиноцити. Тоа се клетки на кожата кои го обработуваат кератинот – протеин во косата, ноктите и кожата. Кога телото нема доволно витамин Д, кератиноцитите во фоликулите на косата имаат проблеми со регулирање на растот и опаѓањето на косата, објаснува Карл Кристијан, основач на скандинавскиот здравствен бренд „Њу нордик“.

Покрај вообичаениот начин на миење на косата со масирање на скалпот, Кристијан препорачува повеќе риба, црвено месо и јајца.

Губењето коса не е секогаш предизвикано од недостиг на витамин Д. Ова може да се случи и поради недостиг на витамин Б12 којшто обично се наоѓа во производите од животинско потекло или поради премалку протеини, што ја прави косата кршлива. Исхраната која се состои од помалку мрсно месо, масна риба, сирење со малку маснотии, киноа, јаткасти плодови и тофу може да помогне во решавањето на недостигот на протеини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби