6 причини за хроничната поспаност

Кај луѓето одвреме-навреме се случува мала поспаност во текот на денот, но ако тоа е премногу често и чувството дека треба повеќе сон од препорачаните 7-8 часа, е преголемо, тоа може да биде причина за загриженост. Следуваат дел од причините за прекумерна поспаност.



1.„Долг“ во спиење

Доколку одреден период секоја вечер не спие онолку колку што му треба, се вели дека човекот „должи“ сон. Тоа се насобира со текот на времето, па ако периодот трае, недостатокот на сон може да се појави дури и поради една ноќ недоволно спиење. А, може да поминат неколку дена додека „целосно закрепнете“, вели психијатарот и специјалист за медицината на спиењето, Алекс Димитриу.

2.Кафе и алкохол

– Квалитетот на сонот е исто толку важен како и количината на спиење. Важно е мозокот да мине низ правилните фази на спиење во текот на ноќта, а многу супстанции може да го нарушат тоа. На пример два вообичаени виновници за нарушувања на спиењето се кофеинот и алкохолот, вели Димитриу.

Кофеинот може да доведе до подолго време за заспивање, со што сонот е со покревок и пократок во целина. Едно истражување посочува дека кофеинот го намалува вкупното време на спиење за повеќе од еден час во една ноќ. Алкохолот ја скратува и фазата на РЕМ-спиење.

3.Лекови

Лекарствата, исто така може да предизвикаат прекумерна поспаност, смета Димитриу.

– Може да ги забележите овие несакани последици, особено кога првпат земате некој лек. Примери на лекови коишто предизвикуваат поспаност се: оние против алергија, против анксиозност, антидепресиви, антипсихотици, антиконвулзиви, лекови за висок крвен притисок, мускулни релаксанти, лекови против болки, вели стручњакот.

4.Апнеја при спиење

Апнејата во сон се случува кај 25 отсто од мажите и 10 отсто од жените. Тоа е состојба на привремен прекин во дишењето, што резултира со нарушувања на спиењето и кревок сон, вели д-р Мејр Кригер, овластен пулмолог и стручњак за медицина на спиењето при Универзитетот Јејл.

5.Нарколепсија

– Ако некој е екстремно уморен во текот на денот – до тој степен што ненадејно заспивате каде и да сте, можеби има нарколепсија. Состојбата е релативно невообичаена, а зафаќа само еден од 2.000 луѓе во САД и Западна Европа, вели Кригер.

Нарколепсијата е состојба во којашто мозокот има проблем да ги контролира циклусите на спиење и будење.

6.Синдром на „немирни нозе“

Главниот симптом на оваа појава е невообичаена и „неодолива желба“ човекот да ги движи нозете ноќе. Кригер вели дека ова обично се влошува при одмор и дење, и/или ноќе, што може да доведе до проблеми во спиењето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби