Што да направите при убод од оса?

Осите во зимските месеци се во хибернација.Во април се будат, а во јули, август и септември се најактивни. Тоа значи дека опасноста за убод од оса периодов е најголема.

Зошто боцкаат?



Осата боцка кога се чувствува загрозена. Тоа е нејзин начин да се одбрани од можен напад. Слично како и пчелите, само женките-оси можат да убодат, но за разлика од пчелите – овие се способни да ја нападнат жртвата неколкупати. Стручњаците велат дека осите нема да убодат некого, ако тој е во мирна состојба, а поголема е можноста да биде нападнат, ако осата почувствува дека е закана за нивното гнездо или се обиде да ја избркате.

Убодите се полни со отрови, што може да го влоши здравјето кај човекот, а некои доживуваат и алергиски реакции опасни по живот.

Што да се прави при убод од оса?

Доколку се случи убод, важно е што поскоро да ја отстраните осилката со отровот. Откако ќе ја отстраните, прво треба местото на убодот да се измие со сапун и вода. Потоа се става мраз или ладна облога и се држи најмногу 10 минути, за да се намали отокот.

Избегнувајте загревање на раната за да го намалите ризикот од инфекција. Не користете домашни лекови како што се оцет или сода бикарбона. Некои луѓе се алергични на убоди од оса, што може да доведе до анафилактичен шок, за којшто треба итен медицински преглед и третман. Симптомите на анафилакса се: Тежок оток, чешање, вртоглавица, гадење и повраќање, грчеви во стомакот, ненадеен пад на крвниот притисок.

Како да избегнеме убод од оса?

Иако не може целосно да се избегне опасноста од убод од оса, може значително да се намали, само ако сите се придржуваат до следниве правила:

-Избегнувајте парфем или колонска вода, коишто може да привлечат оси.

-Останете смирени ако оса се приближи или слета на кожата.

-Не допирајте го осилото и не се приближувајте премногу до тоа гнездо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби