Попладневната дремка ја зголемува можноста за мозочен удар

Луѓето кои често придремуваат дење, имаат поголема веројатност да развијат висок крвен притисок и да доживеат мозочен удар, според ново обемно истражување објавено во списанието „Hypertension”.



Учесниците во испитувањата кои вообичаено дремат во текот на денот, имале 12 отсто поголеми шанси да развијат висок крвен притисок – долгорочно и 24 отсто поголема опасност да доживеат мозочен удар, во споредба со луѓето кои немаат таква навика. Кај лицата помлади од 60 години, попладневната дремка ја зголемува можноста од развој на висок крвен притисок за 20 отсто во споредба со луѓето кои никогаш или ретко задремуваат преку ден, според научниот труд на Американското здружение за срце (АХА).

За трудот се користени податоци од 360.000 лица кои дале податоци за нивните „навики за дремење“ до „UK Biobank” – голема биомедицинска база на податоци којашто ги следи жителите на Обединетото Кралство од 2006 до 2010 година.

Здружението АХА неодамна го додаде времетраењето на спиењето како еден од осумте основни индикатори за оптималното здравје на срцето и мозокот.

– Резултатите покажуваат дека дремењето ја зголемува застапеноста на висок притисок и мозочен удар, откако ќе се прилагодат или разгледаат многу варијабли за коишто се знае дека се поврзани со кардиоваскуларните болести и опасноста од мозочен удар, вели д-р Филис Зи, директорка на Центарот за медицина и спиење на Медицинскиот факултет „Фајнберг“ при Нортвестерн универзитет во Чикаго.

Повеќе од луѓето во студијата кои редовно дремеле, исто така пушеле цигари, пиеле секојдневно, ‘рчеле и имале несоница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска...
1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички...
1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој...
1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби